ПАМЕТНИ ТРИКОВИ: Како да ја исчистите машината за перење на најлесен начин?

Сигурно на малку од вас им паднало на памет да ја исчистат машината за перње. Водејќи сметка за машината го продолжувате траењето на вашата гардероба но и на самата машина.Исто така, машината поефикасно пере и не доаѓа до таложење на нечистотиите во филтерот.
Еве за што се треба да водите сметка…
Исклучете ја машината од струја.
За да ја измиете од надвор земете памучна крпа и потопете ја во вода. Доколку тоа не биде доволно додајте малку и детергент за садови.
Внатрешното миење на машината зависи од проблемот кој го имате со машината. На пример,  во неа имате рѓа или е запушена од влакна или пак од неа се шири непријатен мирис. Во секој случај, решението за секој од овие проблеми постои.
Проблем со рѓата- Вклучете ја машината на највисока температура. Во машината додајте две чаши цеден сок од лимон и пуштете ја да работи. Кога машината ќе заврши повторете го истото но овој пат не ставајте сок од лимон. На овој начин ќе ја исчистите рѓата од машината но и од останатите нечистотии.

Проблеми со непријатен мирис- Вклучете ја машината. Во водата додајте две часи алкохолен оцет и две чаши варигина. Кога машината ќе заврши вклучете ја повторно но овој пат само со вода.
Проблеми со влакната- Доколку имате домашно милениче, најверојатно и имате влакна по облеката а со самото тоа и во машината за алишта. За да го решите овој проблем по завршеното перење оставете ја вратата од машината отворена. На тој начин бубањот побрзо ќе се исуши а вие со правосмукалка побрзо ќе можете да ги исчистите влакната.
За машината да ви остане подолго време чиста, веднаш по завршувањето на перењето извадете го вешот. На овој начин воздухот во неа секогаш ќе биде свеж и ќе ја намали можноста за појава на непријатни мириси.
По вадењето на вешот од машината, задолжително исчистете ја гумата на вратата. Под гумата често се насобираат нечистотии и вода кои можат да предизвикаат непријатни мириси. Исто така, машината поефикасно пере и не доаѓа до таложење на нечистотиите во филтерот.
Еве за што се треба да водите сметка…

Пронајдете не на следниве мрежи: