Паметните луѓе живеат подолго!

Луѓето со висок коефициент на интелигенција веројатно ќе живеат подолго, покажало неодамнешното истражување на британските научници.Тие ги анализирале податоците собрани во едно психолошко истражување во 1932 во Шкотска, кога биле тестирани деца од 11 години, и потоа го прателе животниот век на учесниците.
Се покажало дека поинтелигентните деца живееле подолго, иако биле исклучени факторите како економскиот статус и видот на раотното место. Резултатите се поврзани и со сродни истражувања кои покажале врска меѓу коефициентот на интелигенција и морталитетот.
„Забележавме дека интелигенцијата на испитаниците кои починале пред 1 јануари 1997 година била значително пониска во периодот кога имале 11 години, отколку оние кои тогаш биле живи“, пишува во извештајот објавен во списанието British Medical Journal.
Податоците што ги собрале и анализирале научниците од универзитетот во Единбург покажале дека шансите на децата со коефициент на интелигенција 115 да го доживеат 76 роденден биле за 20 отсто поголеми од шансите на оние кои на истата возраст имале коефициент од 100, што важи за просек.
Научниците се уште не се сигурни која е причината за тоа, но над 20 различни истражувања во различни периоди имале слични резултати.
Постојат неколку хипотези. По првата, интелигентните личности интелигентните личности го врзуваат појасот во автомобилот, јадат поздрава храна, го избегнуваат пушењето и се бават со рекреацијата. Со други зборови, попаметните луѓе ги избегнуваат работите што би можеле да ги убијат.
По втората хипотеза, повисокиот коефициентна интелигенција е знак на посилна телесна конституција, односно организми и тела што траат подолго. Се работи за последица, а не причина, напоменуваат научниците.
Третата хипотеза е дека постои генетска врска меѓу високата интелигенција и долговечноста.
Но, се работи за заплеткано поле на науката, а особено затоа што подобар резултат на тестот на интелигенцијата не е по секоја цена одраз на интелигенцијата и може да зависи од општествената класа, образовните стандарди и други културолошки разлики. И покрај тоа, врската меѓу интелигенцијата и должината на животот постои, а останува на научниците да откријат зошто.Тие ги анализирале податоците собрани во едно психолошко истражување во 1932 во Шкотска, кога биле тестирани деца од 11 години, и потоа го прателе

Пронајдете не на следниве мрежи: