Памук кифлички со џем: И по неколку дена остануваат меки!

Меки и слатки, веднаш ќе сакате да направите!Состојки:
За тесто:
2 јајца
2 дл масло 3 дл млеко 1 лажица сув квасец
100 г шеќер
Околу 700 г брашно
За сируп:
200 г шеќер
3 дл вода
За наросување на кифлите:
100 г кокос
Подготовка:
Во 3 дл млако млеко ставете лажица сув квасец и 100 г шеќер. Потоа додадете 2 јајца, 2 дл масло и брашно и замесете тесто. Оставете да нарасне.
Кога ќе нарасне, поделете го на 5 дела. Секој дел развлечете го во круг и исечете го на 8 триаголници. На секој триаголник ставете лажица џем и завиткајте во кифла.
Кифлите ставете ги да отстојат 15 минути, па печете ги на 200 степени додека не поруменат.
 Во меѓувреме згответе го сирупот: Во сад ставете шеќер и вода и варете 4-5 минути додека не зоврие.
Печените кифли извалкајте ги во сирупот, па наросете ги со кокос.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
За тесто:
2 јајца
2 дл масло 3 дл млеко 1 лажица сув квасец
100 г шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: