Памук, полиестер или вискоза, што најмногу се умирисува од пот? Ќе се изненадите

Научниците одлучиле да откријат зошто облеката која ја носиме во теретана мириса со денови по вежбањето. За да го сторат тоа, направиле мал експеримент, а резултатите ги изненадиле и самите микробиолози. Воопшто не се работи за тоа кои материјали упиваат повеќе пот, туку прашањето е каде бактериите надобро се размножуваат. Самата пот е стерилна и не произведува никаква миризба.Бактериите кои произведуваат непријатна миризба полесно се размножуваат на облеката која е направена од полиестер. За да утврдат дали е тоа вистина, како и зошто доаѓа до тоа, група европски микробиолози замолиле 13 жени и 13 мажи да возат велосипед во теретана, носејќи маици направени од природни и синтетички влакна.
Испотените маици потоа ги ставиле во пластични кеси, и ги оставиле на мрачно место – токму како што некои луѓе ја оставаат својата облека во плакар. По 28 часа комисијата ја помирисала облеката, и едногласно заклучиле дека полиестерот има многу полош мирис. Но, зошто?
За да дојдат до одговорот на тоа прашање, морале да се позанимаваат со видовите бактерии кои се намножиле. Бактеријата Corynebacterium е најголемиот виновник за непријатните мириси под пазувите. Но научниците воопшто не ја пронашле бактеријата на облеката од полиестер. Затоа тие наишле на голема количина Micrococci бактерии, кои генерално воопшто не живеат под пазувите.

Бактериите на кожата уживаат во соединенијата кои природно се наоѓаат во потта, а потоа тие соединенија се претвораат во смрдливи компоненти кои се ослободуваат вовид на гасови. Оттаму доаѓа таа смрдеа. Додека природните влакна ја упиваат потта, микробиолозите претпоставуваат дека овие „сокови“ се здржуваат во микроскопските простори помеѓу синтетичките влакна, и така прават совршени базени во кои уживаат бактериите.
Научниците се надеваат дека произведуваите на облека ќе научат нешто од ова истражување. Инаку, за вежбање би било идеално да носиме облека од мешани материјали. Под пазувите бибило добро да биде памук, а се останато може да биде и од синеттика.Бактериите кои произведуваат непријатна миризба полесно се размножуваат на облеката која е направена од полиестер. За да утврдат дали е тоа вистина

Пронајдете не на следниве мрежи: