Памуккале е една од најинтересните креации на природата, не само во Турција, туку во целиот свет. Локалитетот се состои од топли извори, а има необичен облик на плитки терасести базени, настанати со прелевање на минералните води и таложењето на минералите.
Се наоѓа близу до градот Денизли, а во текот на целата година има умерена клима, што го прави мошне атрактивен за туристите од цел свет. Локалитетот е долг околу 2000, широк 600, а висок 160 метри. Тектонските поместување на тлото во долината имале клучна улога во создавањето на оваа ретка природна појава. Овој простор е изворишен дел на неколку поточиња кои се спојуваат, а потоа се влеваат во реката Мендерес, која е најголема река во областа.
Името на локалитетот потекнува од турските зборови „pamuk“ и „kale“, или на мекедеонски „памук“ и „тврдина“. Белата боја ја има поради големата концентрација на наталожен травертин.
Белината наликува и не потесетува на густо распоредени облачиња, фигури, басенчиња и слично. На почетокот посетителите може да останат збунети од изгледот и белината на просторот, кој асоцира на некоја зимска идила.
Најдобрата глетка од овој локалитет може да ја фатите на зајдисонце, бидејќи ваквиот разигран колорит не може да се доживее на друго место.
Памуккале би требало да биде задолжителна дестинација на секој љубопитен посетител на Турција.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Памуккале е една од најинтересните креации на природата, не само во Турција, туку во целиот свет. Локалитетот се состо