Нападите не ги чуствуваме како притисок, туку уште повеќе се зајакнува волјата единствено за спроведување на Законот и почитување на човековите права и слободи кои ги гарантираат законите и Уставот на Република Македонија, вели во пишаната изјава претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје, Владимир Панчевски во врска синоќешното шарање со бои и оштетување на зградата на Кривичниот суд.– На најсрамен начин во текот на ноќта, тајно и подмолно, што доликува само на кукавици, е оштетена фасадата и влезната врата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје што може да се види и од безбедносните камери на Судот, за што се известени надлежните органи, вели Панчевски.
Додава дека како суд секогаш го почитувале уставното право на сите граѓани, своето незадоволство да го изразат преку мирен протест, пријавен кај надлежните органи, како и да ја известат институцијата во врска со која протестираат за причините за протестот.
Но, за секој што отстапува од ова правило, како што истакнува Панчевски, постојат надлежни институции кои согласно законот треба соодветно да постапуваат доколку го утврдат сторителот.
– Судот и јас лично како претседател, исправени пред словото на Законот, сите напади, без оглед дали се вербални или на ваков срамен начин, не ги чуствуваме како притисок туку уште повеќе се зајакнува вољата единствено за спроведување на Законот и почитување на човековите права и слободи кои ги гарантираат Законите и Уставот на Република Македонија, нагласува првиот човек на Кривичниот суд.
Панчевски ги повикува сторителите на ваквиот чин самите да се пријават кај надлежните органи, а во случај на судска постапка, како што додава, правично ќе им биде судено.– На најсрамен начин во текот на ноќта, тајно и подмолно, што доликува само на кукавици, е оштетена фасадата и влезната врата на Основниот су