Ристе Пандев, продолжи со успешните настапи на атлетските митинзи во Швајцарија. Викендов на „ИБЛ“ митингот, одржан во Сент Гален, тој постави државни рекорди на 60 и на 200 метри.Во трката на 60 метри, Пандев го освои прво место со резултат 6.88 сек, зад него се пласираа Швајцарците Пена Брахиан (6,89) и Фурер Тобиас (7,12).Делницата од 200 метри, Пандев ја претрча за 22,21 секунди, резултат кој му го донесе првото место, пред Пена Брахиан (22,29) и Виспи Клаудио (22,50).На „ИБЛ“ митингот настапија атлетичари од: Швајцарија, Германија, Италија, Австрија,Македонија, БиХ, Словенија, Гана и Лихтенштајн.
МакфаксРисте Пандев, продолжи со успешните настапи на атлетските митинзи во Швајцарија. Викендов на „ИБЛ“ митингот, одржан во Сент Гален