Катица Јанева треба да го открие главното прашање за тоа кој и за чии интереси прислушувал во Македонија, истакна членот на ГДОМ Александар Пандов на денешната трибина во Kичево.-Изјавата на господинот Заев околу двојазичноста во Република Македонија која што никако не ја гледаме одвоена од претходните изјави на господинот Фрчковски дека имаме потреба за ротационен премиер Албанец-Македонец. Дотолку повеќе пак на сето тоа го додадеме и пишувањата и залагањата на нивната медиумска перјаница, Бранко Геровски кој што заговара и федерализација на Република Македонија, по наше мислење сето тоа и двојазичност и федерализација и сите такви проекти се само за разнебитување на македонската држава за повторно делење помеѓу Македонците и Албанците. Вториот дел е улогата на госпоѓата Катица Јанева во овај политички амбиент. По мое мислење таа жена е крајно субјективна, работи по наредби и нарачки на СДСМ, односно жената прави се како да ги забошоти она се што е главно прашање, односно кој во Македонија прислушувал, за чиви интереси тоа го правел, имало пари или немало пари, иако доказите покажуваат дека тоа го правел Зоран Верушевски заедно со одредени луѓе кои што биле вработени во таа пета управа и од друга страна сакаме повторно со граѓаните преку дирекно обраќање да покажеме дека таа политика која што ја води Катица Јанева е штетна за Република Македонија, нејзината работа број еден е тоа да го расчисти и да ставиме со сето тоа едноставно крај на ова политичка криза во која што Македонија скоро две години се наоѓа, изјави членот на ГДОМ Александар Пандов.-Изјавата на господинот Заев околу двојазичноста во Република Македонија која што никако не ја гледаме одвоена од претходните изјави на господинот
Пронајдете не на следниве мрежи: