Не можат да разберат дека за нас Македонија е светост. За нас Македонија е се што имаме, ние не можеме да прифатиме да ја урнисаат и оцрнат Македонија, порача денеска Александар Пандов на мирниот протест предводен од ГДОМ.-Луѓето кои што на 200 метри од нас застанале пред храмот на демократија демек ќе се бореле за демократијата. Тоа се луѓе платеници, луѓе кои што за дебели пари од СОРОС од УСАИД се платени да ја урнисуваат Македонија, да ја плукаат и Македонија да ја паднат на колена. Ниту сме им дозволиле ниту ќе им дозволиме, рече Пандов.
Пандов подвлече дека ним треба да им биде јасно дека во Македонија ниту некој успеал ниту ќе успее по пат на сила да дојде на власт.
-Македонецот е писмен и ја знае политиката и ја разбира како таква. Единствен начин е со пенкало да дојде на власт. Ние сите сме тука за да искажеме поддршка на Владата на Република Македонија на претседателот, рече Пандов.-Луѓето кои што на 200 метри од нас застанале пред храмот на демократија демек ќе се бореле за демократијата. Тоа се луѓе платеници, луѓе кои што з