И покрај обидот на ЕУ да направи дијалог меѓу невладините граѓански организации, на само еден час пред почетокот, средбата беше откажана.Најголем број од невладините најавија дека нема да присуствуваат на истата, а освен оваа причина, се наведува и дека средбата е откажана и поради безбедносни причини.
-Луѓе кои имаат полни усти со зборови како што се „демократија“ и „слобода на говор“, а длабоко сум уверен дека нема ништо демократско во нив, немаат демократски капацитет, ниту аргументи кои што би можеле да спротивстават со аргументите кои ги имам и јас како претставник на ГДОМ, и политиките што ги застапувам, вели Александар Пандов, претставник на ГДОМ кој бил поканет на средбата на невладините граѓански организации и истата ја прифатил.
Според него, другите невладини граѓаните организации очигледно не се залагаат за она за кое говорат.
-Тие се луѓе со диктаторски уверувања, веруваат дека нивното мислење треба да е последно. Месец дена траеја нивните протести, а од друга страна и собирите на ГДОМ. Само собирот во Скопје беше поголем од сите нивни протести. Масовноста на нашите собири секогаш беше помасовна, па и од таму веројатно тргнале и претставниците на ЕУ и сметале дека потребно е да викнат претставник и од ГДОМ, изјави Пандов.
Тој додава дека само со разговор ќе се дојде до решение на оваа политичка криза, а не со сила и боење на институциите или со рушење на институции на систем.Најголем број од невладините најавија дека нема да присуствуваат на истата, а освен оваа причина, се наведува и дека средбата е откажана и поради б