Во врска со предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за двојазичност на целата територија на Република Македонија, гостин во вестите на ТВ Нова беше аналитичарот Александар Пандов.Тој потегот на Заев го нарече очајнички и додаде дека истиот е голема грешка на опозицијата.
„Мислам дека во овие 25 години плурализам и повеќепартиско живеење, не можам да се сетам на поочајнички потег на некој политичар. Со овој потег Зоран Заев покажува дека тој нема веќе надежи кај македонскиот гласачки електорат, туку се свртува да бара гласови од Албанците. Имавме прилика да го видиме како вели дека тој и неговата партија ќе победат. Тоа го прави во предизборен период кога очекуваме да чуеме какви програми и политики ќе донесат ако евентуално победат, но и со каков тим ќе настапат на престојните избори. Тој настапува на националистички начин и тоа го прави од албански позиции“, смета Пандов.
Аналитичарот додава дека новинарот Геровски пред неполна година пишуваше дека е време да се отвори дебата за федерализација на Македонија, а исто така и поранешниот кандидат за претседател од опозицијата Љубомир Фрчковски говореше дека треба Албанец да биде премиер на државата.
„Заев говореше и дека треба да ја свиткаме кичмата и да го смениме името на Македонија, а сега бара двојазичност на цела територија и на никого не му е јасно што сака да постигне, мислам дека е во голема грешка, и вака не само што нема да добие гласови кај Албанците, туку ќе ги изгуби и кај оние кои планирале да гласаат за СДСМ“, вели Пандов.
Тој лидерот на опозицијата го спореди со коцкар што изгубил многу пари и она малку време што му останало се обидува да ги поврати.
„Ако верува дека ќе направи нешто со Мухамед Зекири што го познаваме како исламски фундаменталист, греши. Зекири не е кадарен за во ДУИ и ДПА, а сега Заев го собрал во СДСМ, како што вели за да му даде парче леб“, коментира Пандов.Тој потегот на Заев го нарече очајнички и додаде дека истиот е голема грешка на опозицијата.
„Мислам дека во овие 25 години плурализа