СДСМ нуди националистичка реторика од албанска страна и швајцарски модел за федерално уредување. Вака аналитичарот Александар Пандов ја искоментира кампањата на опозицијата.-Ако се постигне она што го бара ВМРО-ДПМНЕ за 63 пратеници, секако тежината на одлуките во преговарањето и носењето на одлуки ќе има голема улога. ВМРО-ДПМНЕ нуди инфраструктурни, здравствени и животни проекти, додека СДСМ нуди националистичка реторика, меѓутоа од албанска страна и швајцарски модел за федерално уредување. И Македонците и Албанците сакаат да живеат во унитарна Република Македонија. За мене најважно е егзистенционалното прашање, истакна Пандов од мобилното студио на ТВ НОВА од Тетово каде се очекува да започне митингот на Коалицијата за подобра Македонија.-Ако се постигне она што го бара ВМРО-ДПМНЕ за 63 пратеници, секако тежината на одлуките во преговарањето и носењето на одлуки ќе има голема улога.
Пронајдете не на следниве мрежи: