Пандов: ВМРО-ДПМНЕ никогаш својот народ не го остава на цедило

Деновиве слушаме дека Македонија е поразена. Дека ВМРО-ДПМНЕ се предале, па дури и дека го оставил на цедило народот. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се предава. ВМРО-ДПМНЕ никогаш својот народ не го остава на цедило, напиша на својот Фејсбук профил политичкиот аналитичар, Александар Пандов.„Деновиве слушаме дека Македонија е поразена. Дека ВМРО се предале, па дури и дека го оставил на цедило народот.
ВМРО никогаш не се предава. ВМРО никогаш својот народ не го остава на цедило.
Македонија нема да е поразена.
Секој кој ја познава македонската историја знае дека ВМРО низ историјата имаше успони и падови. Подобри и послаби времиња. Потешки и полесни. Имаше тешки моменти, но и големи и славни победи и успеси. Но никогаш никој не ја уништи, и нема да ја уништи. Затоа што ВМРО е во срцето на Македонците, затоа што ВМРО е во ДНК на секој Македонец и докажан заштитник на народот, нацијата и државата.
Треба ли да потсеќам колку работеа и создадоа, од инвестиции и работни места, до земјоделие, здравство и образование, итн. Покажаа крупна разлика од СДС. Ја кренаа летвичката, ги променија стандардите во политиката во правец на работа и резултати.
Болката кај мене и сите кој настапувавме по трибини, радиа, телевизии и дебати на кој најдиректно говоревме за последиците по државата ако ВМРО не добие 63 пратеници е огромна. Чесно е да се потенцира дека Груевски како лидер на ВМРО многу јасно, директно и без раквици говореше прилично отворено како за политичар од таков ранг и одговорност и со тоа дополнително го навлече гневот и бесот на сценаристот лично кон него, за што подолг период ќе биде таргет на напади и малтретирања. Можеше и да одбере да молчи и да не се замерува. Но не, вмровски одбра отпор во интерес на државата и нацијата. Отпор кон илјада пати посилен противник, кој секако не е СДС.
Сега тие што лелекаат сакам да ги потсетам дека водачот на ВМРО многу јасно кажа дека без 63 пратеници не може да гарантира дека ќе одбрани некои значајни позиции на Македонија во еден ваков налет од надворешни центри со каков се соочуваме скоро три години. Кој го разбра го разбра. Многумина очигледно не го разбраа или не сакаа да веруваат.
Сега и него и неговите соработници ги напаѓаат зошто не ја окупирале канцеларијата на Претседателот на Собранието за Талат да не влегол, зошто не ги скриле печатите.
Со криење печати или чување на некоја соба, 51 пратеник, нема да станат 63 пратеник.“, напиша Пандов.„Деновиве слушаме дека Македонија е поразена. Дека ВМРО се предале, па дури и дека го оставил на цедило народот.
ВМРО никогаш не се п

Пронајдете не на следниве мрежи: