Паника се крена во резиденцијата на Кралицата

Паника се крена во Бекингемската палата откако еден човек е осомничен за кражба, недозволен влез и нанесување штета во палатата. Човекот кој е уапсен, ја прескокнал оградата од палатата и влегол во резиденцијата на кралицата, а друг бил фатен како чека пред палатата. 
Осомничениот провалник е пронајден синоќа во 22:20 часот по локално време „во просторот кој е моментално отворен за јавноста во текот на денот“ – навела полицијата.
Другиот човек е уапсен пред палатата поради сомнеж дека планирал кражба.
За време на инцидентот во Бакингемската палата, најпозната од трите официјални резиденции на кралицата, немало членови на кралското семејство.
Портпаролот на Скотланд јард рекол дека продлжува истрагата за „специфичните околности на овој инцидент“. Тој додал дека безбедноста на резиденцијата исто така ќе биде цел на набљудување.
Бакингемската палата се уште не даде официјален коментар за настанот.
Кралицата и принцот Филип престојуваат во дворецот Балморал во август и септември, кој се наоѓа на североистокот на Шкотска, недалеку од Абердин.
Бакингемската палата, најпознатата од резиденциите на кралицата, служи како семеен дом и административно седиште на монархијата.Човекот кој е уапсен, ја прескокнал оградата од палатата и влегол во резиденцијата на кралицата, а друг бил фатен како чека пред палатата. 

Пронајдете не на следниве мрежи: