Паника во Грција: Граѓаните масовно повлекуваат депозити. Банките се соочуваат со големи проблеми!

Двете грчки системски банки, Алфа и Еуробанка, преку посредството со Централната банка на Грција, побарале пет милијарди евра од европскиот фонд ЕЛА, за да бидат во состојба понатаму да ги сервисираат потребите на стопанството и граѓаните во „услови на политичка нестабилност“.Се очекува во текот на следната недела истата постапка да ја побара и Пиреус банката, како и неколку помали банки.
Кризата во Грција следи по стравот на граѓаните од „кипарското сценарио“, каде беа замрзнати сите штедни влогови на граѓаните, како и наглиот пад на еврото во однос на доларот, а од петок и на швајцарскиот франк. Иако нема прецизни информации за тоа колкава сума е повлечена од банките, се претпоставува дека тоа е во сума од стотици милиони во рок од еден месец.
Од друга страна, се претпоставува дека целата оваа приказна е дел од кампањата на владеачката коалиција, за да влее страв кај бирачите што би можело да се случи при победата на Алексис Ципрас и неговата ултра левица Сириза.
 Се очекува во текот на следната недела истата постапка да ја побара и Пиреус банката, како и неколку помали банки.
Кризата во Грција следи

Пронајдете не на следниве мрежи: