Паника во Словачка: Масовен убиец прави „чистка“ во Братислава

Луѓето во Словачка почнаа да паничат откако неодамна беше откриено женско торз во реката Дунав која тече низ главниот град на Словачка, Братислава. Според информациите кои се појавија на социјалните мрежи, покрај ова женско торзо пронајдени се и други човечки остатоци, за што се претпоставува дека станува збор за масовен убиец. 
Прво, на Интернет се појави информација дека се најдени делови од четворица различни луѓе, за кои се претпоставува дека се од Чешка или Австрија, јави дописникот на МИА од Прага.
Потоа, се редеа се повеќе детали, наводно од „сигурни извори од патологија“ дека е забележано оти серискиот убиец телата ги сече по однапред одредени линии, како и дека неговата техника на „касапење“ се подобрува. 
„Информациите не се вистинити и не се точни, изјави портпаролката на братиславската полиција“, Татјана Куруцова. 
Според, локалните медиуми, неодамна пронајденото тело се претпоставува дека е на млада 17-годишна девојка чиј идентитет се уште не е познат, затоа што досега никој не пријавил дека такво лице исчезнало.
Пред ова тело да биде пронајдено беше објавено дека од реката испловило тело на 21-годишно момче, кое потекнувало од градот и кое врз главата имало најлон кеса, а рацете му биле врзани одзади.
Тогаш овие случаи не се поврзуваа, но сега се повеќе полицијата се сомнева дека станува збор за истиот сторител. Според информациите кои се појавија на социјалните мрежи, покрај ова женско торзо пронајдени се и други човечки остатоци, за што се претпоставува д

Пронајдете не на следниве мрежи: