Папата Франциск на мета на џихадистите

Милитантната Исламска држава сака да го убие папата Франциск, предупредува ирачкиот амбасадор во Ватикан, Хабиб ал Садр. Предупредувањето доаѓа непосредно пред патувањето на Франциск во Албанија каде што треба да биде во недела, а амбасадорот тврди дека папата може да биде во опасност и за време на посетата на Турција.- Верувам дека би можеле да го убијат за време на некое негово патување во странство, но дури и во Рим. Постојат членови на Исламската држава кои не се Арапи, туку Канаѓани, Американци, Французи, Британци, Италијани… ИСИЛ би можеле да ангажираат било кој од нив да изведе терористички напад во Европа, вели амбасадорот во разговор за италијанскиот весник Ла Национале.
 Џихадистите од Исламската држава во Ирак и Леванте, кои ја вознемирија светска јавност со убивањето и прогонот на жителите од подрачјата во Ирак и Сирија во последните неколку недели порачуваат дека сакаат да го прошират својот калифат до Рим, срцето на западното христијанство и да постават црно знаме на врвот на базиликата Св. Петар. Амбасадорот тврди дека му замериле на папата поради осудата на злосторствата кои ги извршиле во Сирија и Ирак и со својата поддршка на САД во намерата за сопирање на ИСИЛ.Предупредувањето доаѓа непосредно пред патувањето на Франциск во Албанија каде што треба да биде во недела, а амбасадорот тврди дека папата може да

Пронајдете не на следниве мрежи: