Папата Франциско, кој често се жали на прогонот на христијаните, прогласи 35 нови светци, од кои речиси сите се маченици од минатите векови.Новите светци се прогласени на денешната миса во плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Триесет маченици, вклучително свештеници и лаици (лица кои не припаѓаат на свештеничкиот сталеж), го претрпеле антикатоличкиот прогон во 1645 година од страна на холандски калвинисти во Бразил, додека три деца, автохтони жители од Мексико од 16 век, се убиени поради прифаќање на католичката вера и одбивање да се вратат на своите стари верувања.
Останатите двајца нови светци се свештеник од Шпанија кој починал во 1925 година, а другиот е Италијанец кој починал во 1739 година.
Откако папата Франциско е устоличен во 2013 година, тој постојано им оддава почест на христијаните кои преживеале страдење или починале за својата вера во периодот кога живееле.Новите светци се прогласени на денешната миса во плоштадот Свети Петар во Ватикан.