Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско за прв пат прозборе за својата смрт, но, и за можноста од повлекување во случај на сериозни здравствени проблеми.Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско за прв пат прозборе за својата смрт, но, и за можноста од повлекување во случај на сериозни здравствени проблеми. Во разговор со новинарите во авион, по враќање од посетата на Јужна Кореја, како што јавува виенскиот весник Естерајх, Папата рекол дека ланското повлекување на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти, ” ги отвори институционалните врати”. Папата Франциско укажува дека не може повеќе да се зборува за “исклучоци” иако тоа можеби нема да им се допадне на некои теолози.
– Ако еден ден нема да бидам во можност да ја водам Римокатоличката црква, ќе се молам и ќе го направат истото како Бенедикт, рече Папата Франциско на импровизираната прес-конференција за новинарите кои го придружуваа на патувањето во Азија. Тој рече дека сега се повеќе се навикнува на популарноста како папа. На почетокот бил уплашен од наклонетоста на масите.
– Се обидувам, во себе да размислувам за своите гревови и грешки, за да не станам арогантен, додава Папата и на шега зборува за својата смрт, дека тоа не трае долго: “Две или три години, и тогаш заминување во Божјиот дом “.
Папата Франсис беше избран на 13 март минатата година за нов шеф на Римокатоличката црква, откако неговиот претходник во февруари, поради возраста, се повлече од тоа место.
Извор:vecer.mkПоглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско за прв пат прозборе за својата смрт, но, и за можноста од повлекување во случај на сериозни зд



