Папата Јован Павле II ќе биде прогласен за светец

Папата Јован Павле Втори, кој беше поглавар на Римокатоличката црква од 1978 до 2005 година, најверојатно на 16-ти октомври годинава ќе биде прогласен за светец, најави кардиналот Хозе Сараива Мартинс.Тогаш се навршуваат 35 години од неговото востоличување, потсетува Верската информативна агенција VIA и наведува дека папата Бенедикт XVI пред две години го прогласи за блажен.Постапката, како што се наведува, е во завршна фаза, а се проверуваат уште некои „чуда“ кои им се случиле на оние коишто го молеле папата Војтила.Лекарите за нив немаат научни објаснувања, па затоа станува збор за „чуда“, пренесува Танјуг.За тоа, кардиналот Мартинс сé уште не беше подготвен да дава детали, а според претходните информации, необјасниви исцелувања има стотици.Признавање на некои од нив се предуслов за канониазација.Новоизбраниот папа Франсиск, треба да одобри и да потпише декрет за канонизација.
МакфаксПапата Јован Павле Втори, кој беше поглавар на Римокатоличката црква од 1978 до 2005 година, најверојатно на 16-ти окт

Пронајдете не на следниве мрежи: