Папата Бенедикт Шеснаесетти би можел со указ да го одреди рокот за заседавањето на Советот на кардиналите за изборот на неговиот наследник и кој теоретски не може да заседава пред 15-ти март, изјави во средата портпаролот на Светата столица, отец Федерико Ломабрди.„Папата токму сега ја разгледува можноста идните денови да објави Motо proprio (указ), очигледно пред да почне периодот на sedis vacantia (испразнетата папска (некогаш и кардиналска) столица) што настапува на 280ми февруари“, изјави отец Федерико Ломбарди.„Папата е единствениот кој може да ги менува прописите сé до последниот момент“, односно до 28-ми февруари во 20 часот, појаснува историчарот Амброџион Пјацони.Апостолската конституција Universi Dominici Gregis од 1996 година, којашто Папата може да ја измени, предвидува почеток на конклавата 15 и 20 дена од моментот на настапувањето на „испразнетата столица“. Овој рок постои за да можат кардиналите коишто имаат право да избираат (до 80 годишна возраст) можат да допатуваат во Рим.Меѓутоа, многу кардинали веќе се наоѓаат во Рим за да го поздрават папата Бенедикт Шеснаесетти на денот на неговото повлекување од должноста. И доколку сите тие до тој ден допатуваат во Рим, не би имало причина да се чека со конклавите.Колкавите обединуваат 117 кардинали кои може да избираат во најголема тајност во Сикстинската капела во периодот потребен со двотретинско мнозинство гласови да се избере новиот поглавар на римокатоличката црква кој ќе ги предводи 1,2-милијардите верници.Седмицава Бенедикт Шеснаесетти се повлече со кардиналите на ткн коризмени духовни вежби, но во паузата од медитациите тој сепак може да го потпише указот.Влегувајќи во периодот на конклавите околу недела 10-ти март, би овозможило, доколку изборот трае три до четири дена, новиот папа да ја преземе должноста на единствениот празник во периодот на коризмите, на 19-ти март, денот на свети Јосиф, заштитникот на сеопштата црква.. Тоа, пак, потоа на новиот папа би му овозможило да се подготвува за обредите за Големата недела, а на кардиналите од целиот свет да се вратат во своите бискупи за овие подготовки.Можно е и самиот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој инаку се претстави како организиран, грижлив и внимателен транзицијата да мине во ред, ги има предвид сите овие факти, која најави дека се повлекува токму на 28-ми февруари.
МакфаксПапата Бенедикт Шеснаесетти би можел со указ да го одреди рокот за заседавањето на Советот на кардиналите за изборот н