Папата Бенедикт XVI на своето шокантно повлекување од должноста можеби не се решил поради здравствената состојба што е наведено како причина, тука поради сознанијата дека во Ватикан има хомосексуални свештеници кои под уцени откривале тајни документи во аферата Ватиликс, пишуваат италијанските медиуми, дневниот весник Reppublica и неделникот Panorama, а пренесуваат светските медиуми.
Израелскиот дневен весник Haaretz во својот осврт тврди дека папата Бенедикт Шеснаесетти одлуката за повелување од должноста ја донел уште на 17-ти декември, на денот кога добил свиток документи кои ги собирале тројца кандидати во текот на тајната внатрешна истрага за околностите со протекувањето на доверливите информации за она што се случува внатре во ѕидините на Ватикан, што во медиумите беше наречено како афера Ватиликс.
Француската новинска агенција Agense France Presse (AFP) наведува дека кардиналите предводени од Шпанецот Хулиан Еранза, на кои Папата им ја доверил истрагата уште минатата пролет, во октомври го известиле за постоење на „геј лоби“ во Ватикан, на кое во својот напис италијанскиот неделник Panorama му придава „далеку најголема важност и влијание од сите други во куријата (Curia Romana – групата централни канцеларии и институции кои му помагаат на папата во извршување на службата)“.
Израелски Haaretz натаму наведува дека извештајот во два тома на повеќе од 300 страници е ставен во сеф и дека ќе му биде предаден на наследникот на Бенедикт Шеснаесетти, кога ќе биде избран, додека добар неименуван познавач на состојбите во Ватикан за дневниот весник Stampa, според AFP, тврди дека Папата пред абдикацијата ќе ги прими тројцата кардинали и дека за содржината на нивниот голем извештај ќе се расправа можеби и во текот на општата конгрегација (постојана кардиналска комисија на Римската курија како највисока институција на Светата столица) на којашто кардиналите ќе ја подготвуваат конклавата (советот на кардиналите кој се состанува изборот на папата).
Се наведуваат во медиумите, исто така, и кажувањата на извор близок на ватиканските кардинали дека „сѐ се врти околу непочитување на шестата и седмата заповед“. Шестата Божја заповед ја забранува прељубата, според христијаните тоа се однесува и на хомосексуалноста, додека седмата ја забранува кражбата.
Ватикан реагираше на ова истакнувајќи ги големите грешки во написите во италијанскиот печат и најави дека тие написи не треба да се земаат сериозно. „Нема да има ниту демантирање, ниту коментари, ниту потврдување на нагаѓањата, фантазијата и ставовите“ коишто ќе бидат објавени во печатот во овој период, рече портпаролот на Ватикан, отецот Федерико Ломбарди.
Ломбарди потврди дека историската одлука на Бенедикт Шеснаесетти за повлекување од должноста не е мотивирана од никаква „депресија“, ниту од психолошки мотиви, туку од недостигот на физичка сила.
Темата за хомосексуалноста во Ватикан не е инаку првпат да се споменува во италијанските медиуми, нагласува AFP, а обработена е и во белетристиката, дури и со голем успех во тиражите. Како што пишува агенцијата, веќе долго време е познато дека свештеништвото и другиот персонал на Ватикан одржува хомосексуални врски со лица надвор од малиот град држава, па можеби постои и цела мрежа хомосексуално ориентирани свештеници која за тоа системски молчи.
Ватикан официјално не ја осудува хомосексуалност, а меѓутоа ја поддржува тезата дека сексуалните односи меѓу двајца мажи се противприродни.
МакфаксПапата Бенедикт XVI на своето шокантно повлекување од должноста можеби не се решил поради здравствената состојба што е