Пар си го претепа детето до смрт, а потоа валканата пелена му ја размачкаа на лицето

23-Годишната мајка заедно со нејзиното момче го претепале нејзиниот син до смрт и неговата валкана пелена му ја размачкале на лицето.
 Jasmine Bridgeman и Joshua Schoenenberger се во притвор и обвинети за кривично дело злоупотреба на дете.
Малиот James Sieger Jr. починал два дена откако неговата мајка и нејзиното момче го претепале до смрт во нивниот дом.
Мајката изјавила во полиција дека нејзиниот 34 годишен дечко се вознемирил кога нејзиниот син ја извалкал пелената наместо да го употреби тоалетот и дека тој му ја размачкал пелената на лицето.

„Излегов надвор да пушам цигара. Кога се вратив, James и моето момче беа во бањата заедно. Тогаш го слушнав James како плаче. Се обидов да ја отворам вратата, но беше заклучена. Слушав како Joshua го удира James и како му вика веднаш да се истушира.“
Кога Joshua ја отклучил вратата, го видела James како лежи на подот.

Парот го однел момчето во болница, каде им кажале на докторите дека за малку ќе се задавел во кадата. Малото моче било во бесознание, целото во модринки и имало проблеми со дишењето. Но тоа биле знаци од тепање, а не од давење.

Иако веднаш било подложено на операција поради внатрешните повреди, сепак момчето починало.
Неговата смрт многу го потресла неговиот вистински татко James Sieger кој живеел во друг град.

„Тој ден кога почина моето дете, моето малечко дете е најлошиот ден во мојот живот. Тоа малечко бешенајдоброто дете. Беше смешен, забавен и многу паметен.“ – изјавил таткото на починатото момче.Jasmine Bridgeman и Joshua Schoenenberger се во притвор и обвинети за кривично дело злоупотреба на дете.
Малиот James Sieger Jr. починал дв

Пронајдете не на следниве мрежи: