„На полицијата и е оставено доволно време заедно со нас, да организира Прајд 2013 во Белград, за да не бидат изненадени и со аргументи дека со подготовките е почнато многу доцна“, вели Горан Милетиќ.
Парадата на гордоста оваа година ќе биде одржана од 20 до 29 септември, а прошетката низ центарот на Белград планирана е за во сабота на 28 септември.
Претставниците на организацискиот одбор на „Парадата на гордоста 2013“ разговарале за деталите со претставниците од Канцеларијата за човекови права.
На прашањето дали оваа година Милетиќ очекува подршка од власта Милетиќ вели дека поддршка од инситуциите и министерството веќе постои:
„Меѓутоа кога станува збор за „Парадата на гордоста“ секогаш се зависи од една или две личности, па се повеќе ми се чини дека така ќе биде и оваа година“, вели тој.
Милетиќ изјави и дека верува дека парадата оваа година ќе биде одржана како што е планирана.
„Ќе има многу настани со кои ќе биде се подобро и верувам дека нема да има инциденти. Што се однесува до самата прошетка, тоа е нешто кое не го можеме да го направиме без помош на полицијата и се надевам дека Владата, премиерот и првиот заменик-претседател ќе разберат дека тоа се меѓународни обврски и обврските на Србија и обврски во согласност со Уставот и конечно ќе се почитуваат – заклучи Милетиќ.
Колку за потсетување, минатата година беше објавена информација дека парадата е закажана за неколку дена , сепак како што се приближуваше времето за нејзино остварување, се повеќе се јавуваа гласините дека парадирање низ улиците на Белград нема да има.
Сепак организаторите успеаа , со многу полиција, да одржат изложба на шведската уметничка Елизабет Олсон Валин- „Ече Хомо“.„На полицијата и е оставено доволно време заедно со нас, да организира Прајд 2013 во Белград, за да не бидат изненадени и со аргументи дека с