Парадоксот на Кардашиан: Што се случува кога имате премногу секс

Ново истажување докажало дека преголемата количина на секс може да делува лошо на психичката состојба.Паровите кои практикуваат секс 40 проценти повеќе од просекот, одговориле со лошо расположение и чувство на незадоволство. Дали е ова можно?
Дури 64 брачни парови биле вклучени во истражување и биле поделени во две групи: првата група била замолена да практикува секс двојно повеќе од вообичаено и тоа на три месеци. Другата група немала одередена задача.
По три месеци, испитаниците пополниле прашалник во кои ги опишале евентуалните промени во расположението. Со конечните резулатати утврдено е дека уживањето во сексот е поврзано со среќата, но неговата зачестеност не. Паровите кои ја зголемиле количината на сексуални активности покажале чувство на незадоволство и, генерално, замор.

Секако, важно е да имате на ум дека овие парови биле приморани на таа задача, што веројатно им дало чувство на обврска, а тоа понекогаш е напорно дури и во работите во кои уживаме. Исто така, повеќето парови не успеале да ја исполнат „квотата“ која се барала од нив, што исто така би можело да влијае на тоа како гледале на целокупниот период.
Иако можеби се покажало дека среќата е поврзана со квалитетот на сексот, а не со неговата зачестеност, ништо нема да ви се случи доколку уживате секојдневно во сексуалните активности. Сепак, потрудете се сексот секогаш да биде вреден за паметење.Паровите кои практикуваат секс 40 проценти повеќе од просекот, одговориле со лошо расположение и чувство на незадоволство. Дали е ова можно?

Пронајдете не на следниве мрежи: