Паразит го јаде мозокот на 12 годишно дете

Дете на 12 годишна возраст од Флорида е на интензивна нега откако му е откриен паразит кој му го јаде мозокот. Докторите откриле дека тој боледува од ретка форма на менингитис кој е предизвикан од посебна амеба позната како Naegleria fowleri.
Момчето, моментално се наоѓа во детската болница во Мајами и се бори за живот, известуваат американските медиуми.
Неговиот брат раскажува дека на почетокот неговото семејство мислело дека момчето е заразено со вирус. Но, откако 12 годишното момче спиело по цели денови, тие сфатиле дека нешто не е во ред и го однеле во болница, од каде што започнал хоророт на ова американско семејство. 
Министерството за здравство во Флорида изјави дека инфекцијата е вообичаено фатална, бидејќи е ретка,а  оваа амеба е дел од природата и се уште се истражува.  
Naegleria fowleri амебата живее во топла, свежа вода, која има ниско ниво на хлор. Покрај тоа може да се најде и во топли отпадни води, како и отпадните води од фабриките.
Оваа амеба го напаѓа нервниот систем, а може да влезе во мозокот преку носната празнина. Се развива со хранење на нервите.
Се предвидува дека заразените од овој паразит кој буквално го јаде мозкот, умираат по 14 дена. Докторите откриле дека тој боледува од ретка форма на менингитис кој е предизвикан од посебна амеба позната како Naegleria fowleri.
Мо

Пронајдете не на следниве мрежи: