Директор на една кинеска патничка компанија се најде во центарот на вниманието откако е откриено дека парично ги казнил своите 200 вработени, кои не ставале „лајк“ или не ги коментирале позитивно неговите коментари на социјалните мрежи или на неговиот блог.Жанг Минг, генерален директор на патничката агенција „Шандонг Јиахуа калчр интернешнел травел ејџенси“, е голем љубител на кинеската социјална мрежа „Веибо“.
Не само што редовно пишува и ги поставува своите статии, туку барал од своите вработени позитивно да ги оценат неговите статии и постови. Исто така, од нив барал да ги следат неговите профили на социјалните мрежи.
Од работниците се очекувало секое утро да ги читаат неговите нови статуси за да бидат во тек со случувањата.
– Не знаевме како да го изведеме тоа, па еден колега задолживме секое утро, преку микрофон, да ги чита неговите статуси, за сите да бидат во тек со неговото пишување – рекол еден работник. Неговите конетари и статуси, главно, биле вести за активностите на компанијата или некои инспиративни и мотивациски цитати.
Сепак, повеќето службеници не ги читале неговите постови, само некои, одвреме-навреме, ставале насмеано лице, само за да види директорот дека барем нешто читале.
Директорот на крај решил да примени крајни мерки, а тоа било намалување на платата. Повеќе од 200 работници биле казнети со намалување на платата од 50 јуани, додека еден работник бил казнет со дури 150 јуани.Жанг Минг, генерален директор на патничката агенција „Шандонг Јиахуа калчр интернешнел травел ејџенси“, е голем љубител на кинеската со