Париска одмазда

„Париска одмазда“ е уште една книга на Стив Бери која е одбележана со специфичниот лик- Котон Малоун, чиј карактер се проткајува во целиот серијал на „Котон Малоун колекцијата“.  Лесно е Малоун да Ви биде омилениот лик во оваа книга, и покрај фактот што тој е растргнат помеѓу должноста и пријателството. Ова дело открива една нова димензија во карактерот на комплицираниот лик на Бери.
Не е задолжително да ги имате прочитано останатите книги од серијалот за да уживате во „Париска одмазда“. Како и да е, пријателот на Котон, Хенрик игра голема улога во оваа книга, па добро би било читателот да е запознаен со позадината на нивното пријателство. Стив Бери внимателно ги има објаснето овие детали, имајќи во предвид дека на читателот можеби не му се познати овие делови кои се опфатени во претходните изданија. Котон Малоун е под таен притисок на владата на Соединетите Држави, а истовремено се обидува да му помогне и на својот близок пријател Хенрик, кој е заслепувачки опседнат со одмаздата за смртта на својот син единец кој загинал во терористички напад, а позади нападот стоел Лордот Грејам Ешби. За да ја оствари својата задача, Малоун открива дека одговорите кои ги бараат тој и членовите на Парискиот клуб се наоѓаат во минатото, сокриени со тајните записи и шифри кои Наполеон ги оставил и ги праќал на својот син за кога тој ќе наполни 16 години да може да го пронајде она што императорот го понел со себе во гроб- огромното богатство.
Можеби малку разочарувачки е фактот што во „Париска одмазда“ има помалку историски факти отколку во претходните историски трилери на Бери. Во секој случај тоа што тој го претставува за Наполеон Бонапарт е навистина фасцинантно и прави читателот да сака да чита уште повеќе и повеќе.  Во успешен серијал, предизвик е да се задржите до формулата која донела успех на почетокот, задржувајќи го истиот интензитет на историски факти, криминални дела и истите ликови.
Нарачајте ја книгата на https://kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=29014  и уживајте во секој миг од читањето.Лесно е Малоун да Ви биде омилениот лик во оваа книга, и покрај фактот што тој е растргнат помеѓу должноста и пријателството. Ова дело открива една

Пронајдете не на следниве мрежи: