Париз го демантираше ослободувањето на заложниците во Камерун

Француската влада демантираше во четвртокот дека е ослободено француското седумчлено семејство, коешто во вторникот беше грабнато во северен Камерун, откако претходно утринава тоа го објавија камерунски воини извори.„Француското министерство за надворешни работи ја демантира информацијата според која се ослободени француските заложници“, се наведува во писмената изјава што ја цитира AFP.Претходно во четвртокот наутро, камерунски воен извор наведе дека „заложниците се здрави и живи и во рацете на нигериските власти“. Тој појасни дека биле „пронајдени во напуштена куќа на локалитетот Диква, стотина километри од границата со Нигер.Францускиот министер за ветерани, Кадер Ариф потврди во четвртокот во француското Народно собрание дека се „ослободени заложниците во Камерун“.Седум француски државјани, од кои тројца возрасни четири деца на возраст од 5 до 12 години, во вторник беа грабнати од група мажи на мотоцикли, и ги одвела во правец кон Нигерија.Туристите се враќале од националниот природен парк Ваза, кога кај камерунскиот локалитет Даданг на границата со Нигерија. ги пресретнале вооружени мажи на мотоцикли и ги однеле во непознат правец.Ова е прв случај на грабнување на западни туристи во самиот Камерун, додека инаку чести се земањата заложници во водите на оваа африканска земја која има излез на Гвинејскиот залив а последното се случила на 8-ми февруариОва е прво грабнување на француски државјани по француската интервенција против од 11-ти јануари во Мали.Камерунскиот министер за врски Иса Тчирома Бакари, исто така, во четвртокот демантираше дека се ослободени француските туристи.Сé уште никој ја нема преземено одговорноста за грабнувањето на француското семејство, меѓутоа францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледриан посочи кон исламистичката група Боко Харам, којашто е многу активна последните години во северна Нигерија, која беше доведувана во поврзаност и со грабнувањето на француското семејство во Мали.
МакфаксФранцуската влада демантираше во четвртокот дека е ослободено француското седумчлено семејство, коешто во вторникот бе

Пронајдете не на следниве мрежи: