Парламентот денеска во рамки на 111. седница го разгледа и со 53 гласа „за“ и 17 против го усвои Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на РМ за 2015 година.Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет на РМ, пред пратениците истакна дека во извештајната година е поднесена само една постапка за нестручно и несовесно вршење на судиска функција која до крајот на 2015 година се уште не била правосилно завршена. На ниво на држава гледано во целина, судовите, нагласи тој, работеле ефикасно и ажурно и успеале да го совладаат приливот на примени предмети и да го намалат заостатокот за скоро 12.000 предмети така што вкупниот број на нерешени предмети на крајот од 2015 од околу 130.000 предмети укажува, вели, на позитивен тренд во намалувањето на нерешените предмети.
– Со тековното кадровско и материјално – финансиско подобрување на состојбите во судството ваквиот тренд ќе биде уште понагласен. Како еден од врвните приоритети ССРМ преземаше и во иднина ќе презема конкретни мерки и активности за намалување на заостатокот на старите предмети кој се следи тековно на месечно ниво. Што се однесува до постапување по претставки и поплаки на граѓани и правни лица за работите на судиите и судовите карактеристично е тоа што од 20 мај 2015 година оваа надлежност премина на новоформираниот Совет за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност за судија, а дотогаш доставените претставки се во целост решени во ССРМ, рече Караџовски.
Во однос на кадровската екипираност, оценката е дека и покрај реализираните вработувања евидентен е недостиг на определен број судски службеници, особено во делот на раководен кадар кој би бил директна поткрепа во работата на претседателот на судот, односно на судскиот администратор и особено во делот на стручниот и административно-техничкиот кадар.
Осврнувајќи се на финансиското работење, согласно законот за судски буџет, Караџовски рече дека реализацијата на буџетот е над 99 отсто, а најголем дел односно над 82 проценти е во делот на плати и надоместоци. Само во Судскиот совет, нагласи, реализацијата на буџетот е исто така над 99 отсто, од нив 87 проценти отпаѓа на плати и надоместоци.
Рената Десковска Тренеска од СДСМ рече дека Ивештајот служи како потврда за положбата на судството во Македонија.
– Наспроти празните реторики и статистики од овој Извештај реалноста е дека реформските приоритети во судството утврдени од ЕУ во 2015 година или воопшто не беа исполнети или пак активностите преземени за нивно исполнување не беа доволни за постигнување на реформските цели. Овој Извештај ги потврдува резултатите од едно истражување дека не постои доверба дури ни кај судиите во работата на ССРМ. Органот кој што треба да гарантира независност на судството ги добива најниските оценки од судиите – минимална или никаква доверба. Тоа е резултат на начинот на избор на членовите на СС, квалитетот на предложените кандидати, но и на нивната работа, рече Дескоска Треневска.
Според неа, во Извештајот Судскиот совет требаше да се осврне зошто ЕК регистрира назадување во областа на правосудството.
Таа оцени дека во оваа сфера треба да се воведат прецизни критериуми кои ќе нудат гаранција на судиите и оти сегашниот систем на унапредување на судии не ги става во преден план стручноста и интегритетот на судиите.
– Потребни се темелни реформи во областа на судството. СДСМ и коалицијата ја преземаат обврската по доаѓањето на власт да спроведат темелна реформа во СС и во судството што ќе овозможи правда, правичност и достапност на правдата до сите граѓани на РМ без оглед на нивната политичка припадност, општествен или имотен статус, рече Дескоска Треневска.
Зоран Илиовски од ВМРО-ДПМНЕ реплицираше дека говорот на Дескоска Треневска е чист политички говор, а не оценка за извештајот и оти таа меѓу другото се поставила во улога на адвокат на СЈО од оваа говорница.
– Ако сакаме да имаме независно судство во кое ќе веруваме треба сите ние да се потрудиме тоа да му го овозможиме на судството така и да дејствува. Никако со излегување на говорница и вадење примери по ваша желба и манипулирање со информациите околу тие примети, рече Илиовски.
Тој вели дека судството не е идеално, но оти сите институции се одраз на нивното работење и ангажман тие да станат понезависни. Потсети дека ова мнозинство и коалициските партнери почнаа да воведуваат максимална можност судството да биде независно преку изборот на Судски совет.
– Во ваше време кога вие бевте мнозинство преку ноќ беа избрани 600 судии во судството. Оваа власт се труди да овозможи максимална независнот преку начинот на изборот на Судскиот совет каде што мнозинството на членови во СС ги избираат самите судови преку избори во нивната фела. Со цел да не се влијае врз СС е и тоа што министерот за правда повеќе не е член на СС, рече Илиовски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на крајот од расправата процедурално интервенираше и рече дека се одлучиле да не учествуваат во расправата со пријавени дискусии туку само реплики, бидејќи очекувале нивото на дискусија да биде ниско. – Не сакаме повеќе да ви даваме легитимитет на вакви измислици кои ги пласирате во јавноста и да спориме со тоа. Можеме да спориме само ако има аргументирана и сериозна дебата. Кога се е сведено на шпекулации и на лаги навистина се губи смислата, рече Димовски.
Реплицираше процедурално Горан Сугаревски од СДСМ, кој рече дека во дебатата користеле само делови од Извештајот на Судскиот совет.
По усвојувањето на Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на РМ за 2015 година, претседателот на Парламанетот Трајко Вељаноски ја прекина седницата. По преостанатите две точки најави дека продлжението ќе биде дополнително закажано. Во попладневното продолжение на седницата претходно пратениците ја изгласаа одлуката за избор на Костадин Кизов за член на Судскиот совет на РМ.Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет на РМ, пред пратениците истакна дека во извештајната година е поднесена само една постапка за нестр