Парламентот на Грција усвои закон за олеснето враќање на долговите кон државата

Грчкиот Парламент, со огромно мнозинство гласови од пратениците, го усвои законот што на Грците им го олеснува уредувањето на обврските кон државата и фондовите за социјално осигурување, кои во вкупни износи надминуваат неколку десетици милијарди евра, пренесоа француските медиуми.Законот беше поддржан од пратениците на владеачката Сириза и од нејзините партнери во Владата, како и од опозицијата, соопшти грчката агенција АНА МПА.
Законот на должниците, вклучително и фирмите што заради рецесијата немале можност да си ги платат даноците или осигурувањата, сега им дозволува на 100 рати да ги исплатат своите долгови кон државата, без да им се пресметува камата.
Министерот за финансии Јанис Варуфакис за време на дебатата во Парламентот подвлече дека политиката на штедење, што и беше наметната на Грција, беше катастрофална и заради неа милиони Грци не се во состојба да си ги платат даноците и осигурувањата, а нивните обврски изнесуваат вкупно 76 милијарди евра, што е 42 отсто од бруто домашниот прозвод.
Министерот посочи дека 3,5 милиони Грци (од вкупно население од 10 милиони) на државата и должат просечно по 3.000 евра поради личната сиромаштија.
Овој закон ќе ги поттикне да се раздолжат и на тој начин да ги зголемат уплатите во буџетот, посочи министерот.
Грчките пратеници во средата го одобрија и законот за борба со сиромаштијата, што предвидува помош за семејствата со ниски приходи под форма на бесплатна електрична енергија, субвенции за наем на стан до 220 евра месечно за 30.000 домаќинства и ваучери за храна за околу 300.000 Грци.Законот беше поддржан од пратениците на владеачката Сириза и од нејзините партнери во Владата, како и од опозицијата, соопшти грчката агенција

Пронајдете не на следниве мрежи: