…Нивната цена што допрва ќе ја платат е навистина многу голема. Националниот срам што сами си го изрежаа по ликот, нема да можат да го тргнат со ништо. Маските што испопаѓаа на земја од нивните лица исто така нема да можат да ги вратат назад. Тоа се нивните вистински лица.Знаеме кои се, држете ги надвор од системот, изолирајте ги што е можно поскоро! Ако случајно помисливте дека цитатов сум го позајмила од книга која го обработува делувањето и активностите на Гестапо, се излажавте. Цитатов не е извлечен од устата на Химлер, ниту пак на Горинг, на Хитлер, на Франко, или на Сталин. Рака на срце, вакви и слични цитати, историјата многупати досега ни исфрлила на површина, а теоријата ни ги претставила како примери од фашистичкиот, нацистичкиот, тоталитарниот вокабулар. Оваа изјава, почитувани читатели, да не беше вистински кажана, веројатно ќе требаше да биде измислена за национално да не освести кого с` примаме на гости, кого се гоштеваме, толерираме и тинтраме во оваа наша напатена и премногу слободна земја.
Изјавата не е дел од темната, тоталитарна историја на човековата мисла и делување. Изјавата е јасно и гласно кажана на работилница организирана во Скопје, во 21. век, од човек кој замислете себе си се претставува како голем демократ и поддржувач на европските демократски вредности. Од човек кој токму ЕУ го беше ангажирала како експерт за помош на Република Македонија во справувањето со политичката криза, и секако, нели, во подобрувањето на демократските стандарди во системот. Тешко нам, а богами и тешко на ЕУ, со вакви либерално-демократски ориентирани примери, и со вакви „експерти“. Ако ова е пример за демократски едуциран човек, кој ги знае и ги пренесува европските вредности во земјите кои, нели, наводно не се на нивото на Унијата, тогаш тешко на Македонија, и на сите тие и такви земји, и тешко на сите граѓани во нив.
Човекот мислител, по вокација филозоф, кај Македонците ќе остане во сеќавање како интелектуален плагијатор кој ги преплави социјалните мрежи со позајмените загрижени мачки. Човеков „интелектуалец“ ќе го паметиме и по навредите што ни ги упати кон сите нас. Овој „господин“, или не е свесен (во што се сомневам), или е класичен провокатор/манипулатор, па наводно не знае дека и за него, како и за сите нас, важат одредбите од Уставот на РМ додека престојува во нашата држава, но важат и одредбите од Европската конвенција за човековите права, и од другите европски и меѓународни документи за кои документи токму тој нам ни држи лекции и буквии.
За овој „господин“, „Македонците не се Европејци“, за него „македонскиот менталитет не е на ниво на европскиот“. Во текот на преговорите, токму овој „врвен интелектуалец“, и „олеснувач“ (веројатно за во тоалет) редовно им порачуваше на високите претставници од ВМРО-ДПМНЕ да „престанат да с..ат“. Посебно и беше навртен на г-ѓа Бонева, затоа што веројатно во неговата демократска и либерална глава жените се должни да се изборат за својата еднаквост со него како „вистински“ претставник на машкиот пол. Лично бев сведок на неговите „интелектуални“ урлања што им ги упатуваше исклучиво и само на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Значи кога велам урлања, не претерувам. Такви неартикулирани изблици на гнев и злоба можат да се споредат единствено со оние на шарените. Човекот од толку силното урлање за момент се осипуваше со супер-црвенило кое инстантно му се ширеше низ целата глава вклучително и до тоа малку коса што му има останато. Интересен случај за поопсежно медицинско опсервирање на интелектов, во секој случај.
Што толку мака има видено човеков што и се накамчил толку на Македонија и на Македонците? Одговорот на ова прашање го знае веројатно само Гугл и само тој. И покрај тоа што во неговата биографија стои дека бил некаков емисар и во Kосово, и во Грузија, и во Непал, а бил и пратеник (од шарените?) во Белгискиот парламент, Гугл преку пребарување на неговото име, за него исфрла исклучиво вести поврзани со Македонија. И оттука не треба многу ум за да се констатира дека човеков во Македонија има направено „сериозна“ кариера. И тоа не било каква кариера, туку шарена. Во земјата од која доаѓа, а и во очите на голем дел од меѓународните емисари во Македонија, Питер Ванхојте е дочекан со симпатии. Тој е поборник за правата на шарените, борец против „режимот“ на десничарите во земјата, се дружи со шарените, и веројатно шара со нив во слободно време.
Симпатиите се сведуваат на она едноставното – ги поддржувате оние со кои се идентификувате, и поистоветувате. Од иста причина поради која домашните шарени, а и најголемиот дел од меѓународните во земјава, толку срдечно го прифаќаат и пензионираниот амбасадор Фуере – ги потсетува на нив. Од иста причина поради која и ја симпатишат наша Рада – ги потсетува на нив, најмногу по шарените марами околу вратот.
Е, сега, кога некој ваков ќе каже дека ГДОМ е параневладина и деструктивна структура која себе си се претставува како организација од граѓанското општество, која, нели, како таква треба итно да се изолира, следуваат овации од учесниците, но и од другите истомисленици кои се поистоветуваат со овие големи демократи. Не дај боже да дојде ваков коментар од другата страна… или пак, можеби, имаше?
Ајде да се потсетиме што се случи кога ГДОМ го повика Уставниот суд на РМ согласно член 20 од Уставот, да ја преиспита уставната основа за дејствувањето на здруженијата на граѓани кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката, и кои поттикнуваат или повикуваат на разгорување национална омраза и нетрпеливост?
Главниот аргумент на „Протестирам“ и уште 20. други невладини организации да побегнат од средбата со еден претставник на ГДОМ (како што СДСМ бега од избори) беше дека ГДОМ се фашисти. Зошто се фашисти? Затоа што бараат почитување на Уставот, затоа што бараат да се почитува уставниот поредок на земјата, затоа што бараат да се почитуваат правата и слободите на сите граѓани, а не само на неколкумина, па нека се и неколку илјади македонски граѓани, затоа што бараат Македонија да биде вистинска правна држава и во неа вистински да владее правото, а не така како што наумиле шарените и СДСМ. Затоа што ГДОМ бара почитување на вистинската, изборната демократија, а не таква каква што шарениве и СДСМ сакаат да ни ја напикаат во системот без волја на мнозинството граѓани.
И сега? Што правиме сега? Сите сме еднакви, ама шарените се поеднакви од другите? Ако зборуваме за еднаквост, ајде да се обидеме да бидеме начисто: какви последици претрпеа шарените за нивните хулигански и вандалски дејанија до сега? Освен две-три казни домашен притвор за уништување јавен, државен имот (канцеларија на претседател на Републиката!) и две-три изречени глоби од по 50-на евра, која друга цена ја платија шарените? Ниту една, ќе кажете.
Ама не е баш така. Нивната цена што допрва ќе ја платат е навистина многу голема. Националниот срам што сами си го изрежаа по ликот, нема да можат да го тргнат со ништо. Маските што испопаѓаа на земја од нивните лица исто така нема да можат да ги вратат назад. Тоа се нивните вистински лица. И конечно, сите си се ставија во својот ред, сите си се приклонија таму каде што природно припаѓаат. Знаете, казните за сторениот бербатлук се мали, би рекла симболични. Но, кризата која ја минуваме сите, полека но сигурно разјасни многу прашања, затвори многу дилеми, реши многу лични и колективни загатки, кои за жал не можеа на ниту еден друг начин да бидат видени и прочитани, освен на овој. Македонија истрпи и ќе трпи уште многу неправди, но од друга страна, тргна многу наши и туѓи прашалници околу тоа кои сме и какви сме во суштина ние Македонците. Империјалистичкото сценарио нема да успее, меѓудругото, и затоа што тие, сценаристите, мислеле дека добро не познаваат, а испадна обратно, испадна дека немале поим кои сме и какви сме. Испадна дека африканскиот, или украинскиот шаблон не ујдисува на Македонецот. Испадна дека големиот сценарист немал поим ниту од политичка психологија, а уште помалку од политичка социологија. Испадна дека најдобро си ги познавале само оние што тие лично си ги тренирале и моделирале. Ама тоа, за наша среќа, не е Македонија. По толку истурени пари и одржани семинари за перење мозок, и кравата ќе биде натерана да фрли боја, не па човек.
А кога сме кај бојата, таа не излегува преку ноќ. И ако јас се прашувам, не треба да се вади, туку треба да стои, како потсетник за тоа кој за што го бива, и кој што изградил и направил во Македонија. Да ни служи како потсетник дека Македонците знаат да градат, и натаму ќе градат без разлика на сй, а дека некои други цел живот го фарбаат народот, и натаму ќе продолжат да го фарбаат, секако толку колку што ние ќе им дозволиме. А бидејќи на народот му е повеќе од јасно сй, шарениве џабе фарбаат. Џабе толку боја, џабе толку пари. Филмот во кој шарениве се влезени по директива на Империјалистот, во Република Македонија нема да се гледа. Kолку побрзо сфатат, толку подобро за сите, бидејќи не еднаш, не двапати, трипати овој народ се спасуваше од СДСМ и нивните шаренајци. До вчера Бранко се возеше во „ладата“, Рада ја влечеа во Собрание (откако претходно скокаше на масата на претседателот на истото Собрание), не толку одамна правеше бонбона бизниси и заедно со нејзиниот ментор Бранко прогласуваа за стечајци стотици илјади луѓе.
Ние, верувајте, сигурно ќе се спасиме од вас, прашање е на месеци. Но, кажете ни вие како ќе се спасите од самите себе? Бојата… и таа ќе постои уште малку, и што потоа? Да не бидете вие тие кои ќе земете сунѓери во раце за да се обидете да го избришете срамот и гревот сторен кон овој народ? Ма, нееее, се шегувам, сигурно нема да биде така, кај се научени тие нежни комуњарски рачиња на работа…
Пишува: Тања Kаракамишева-Јовановска за ДневникЗнаеме кои се, држете ги надвор од системот, изолирајте ги што е можно поскоро! Ако случајно помисливте дека цитатов сум го позајмила од книга која