Едно од поголемите животни задоволства е добар пијалак со уште подобро друштво, а според најновото истражување, пиењето во друштво на вашиот партнер е знак за здрава и задоволувачка врска.
За потребите на истражувањето биле анализирани вкупно 4.864 мажени/женети луѓе во периодот од 2008-ма до 2012-та година. Сите учесници имале најмалку по 52 години и биле со своите партнери во просек од околу 33 години.
Фокусот на истражувањето бил насочен кон количината на алкохол која ја консумирале партнерите, дали уживаат во ова задоволство со нивните мажи/жени и општиот квалитет на нивниот брак.
Слично како и некои претходни анализи, резултатите покажале дека мажите сепак имаат тенденција да пијат малку повеќе од жените.
Но, оние кои пиеле алкохол во друштво на партнерот искажале поголема среќа и задоволство. Тие истакнале дека чувствуваат помалку негативни вибрации во бракот, за разлика од оние кои понекогаш уживаат во добра чашка алкохол, а нивниот партнер не им прави друштво, со што квалитетот на нивниот брак е значително помал од првите. Ова особено се забележало на релацијата маж кој консумира алкохол и жена која воопшто не пие.
Поентата е дека сепак пиењето не ги прави луѓето среќни, туку самиот чин на согласување за оваа одредена активност ги поврзува повеќе, ги синхронизира на некој начин.
„Паровите кои пијат заедно алкохол воедно поминуваат повеќе време заедно и се вклучуваат во повеќе заеднички активности. Паровите во кои само едниот ужива во алкохолот покажуваат тенденција за повеќе кавги и слични деструктивни конфликтни стратегии, како викање и навреди, со цел да ја искоренат навиката за пиење кај другиот партнер“.
Крајниот резултат е дека не треба да чувствувате притисок да седнете со партнерот и да го испразните шишето до дното по секоја цена. Не треба да се претворите во алкохоличари, бидејќи тоа сигурно нема да ве направи посреќни и ќе биде погубно за бракот.
Но, одвреме-навреме пронајдете малку време да уживате во омилените пијалак со вашиот партнер. Консумирајте одговорно, а во краен случај, доколку и двајцата се разбудите со мамурлак, тоа ќе биде само уште едно искуство кое треба да го преживеете како брачни партнери.За потребите на истражувањето биле анализирани вкупно 4.864 мажени/женети луѓе во периодот од 2008-ма до 2012-та година. Сите учесници имале најмал
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.