Знаеме дека еден период беа коалициони партнери на СДСМ, настапуваа заедно на митинзите, па потоа нивните стратези оценија дека е подобро на настапат одделно за да одземат дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање околу шпекулациите дека во новата влада на СДСМ ќе биде и Љубчо Георгиевски, заедно со Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов.Тој кажа влез во владата на тие партии не би го изненадило, затоа што доста партии кои кажуваат дека се десно ориентирани имаат цел да му земат гласови на ВМРО-ДПМНЕ, а да му помогнат на СДСМ.
-Mене тоа не би ме изненадило имајќи предвид дека тие долго време соработуваат заедно, односно партиите на Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, на Јове Кекеновски, Павле Трајанов итн. се во служба на СДСМ. Играат различни улоги, во некој период улогата беше да им играат коалициони партнери, на последните избори пак улогата им беше да бидат посебни субјекти кои што ќе излезат на политичката изборна сцена. Нивната улога на последните избори беше колку може да се прикажат како независни, да се прикажат како десница, да се прикажат како партии кои што не се поврзани со СДСМ, за да земат што повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, односно да му помогнат на СДСМ да има повеќе пратеници, изјави Груевски.
Тој напомена дека нивната улога била да одат засебно, а не заедно со СДСМ, иако имаат одлична соработка со нив, за пред граѓаните да се покажат како независни.Тој кажа влез во владата на тие партии не би го изненадило, затоа што доста партии кои кажуваат дека се десно ориентирани имаат цел да му земат гла