Неколку стотици фајла со нелегално прислушувани разговори претежно на функционери на владејачката ДУИ повторно се ставени на социјални мрежи каде што може да ги слушаат сите заинтересирани лица.-На снимките може да се слушнат разговори меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери, меѓу Џафери и пратеничката Ермира Мехмети, меѓу Муса Џафери и извесен Kорошевиќ итн. Очигледно целната група и на овие нелегални снимки пуштени во јавноста се високите функционери на ДУИ, вклучително и на лидерот на партијата, пишува Дневник.
Од ДУИ за весникот велат дека ова е уште една потврда дека е компромитиран целиот процес и ги повикаа институциите СЈО, ЈО, МВР, Дирекцијата за заштита на личните податоци да си ја вршат работата.
-Неофицијално и најновите снимки се врзуваат со Захир Беќири-Чаушот, кој беше уапсен за случајот „Фабрика за афери“ и за косовското подземје. Освен снимките со нелегално прислушуваните разговори, објавени се и принт- скринови. Засега нема информации дали станува збор за фајловите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев тврдеше дека и ги предал на специјалната обвинителка Kатица Јанева, пишува весникот.
Поопширно во печатеното или во електронското издание на ДНЕВНИК-На снимките може да се слушнат разговори меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери, меѓу Џафери и пратеничката Ермира М