СДСМ и нивниот технички министер Оливер Спасовски, кој инаку е и носител на опозициската листа во втората изборна единица повеќе од очигледно е дека едно зборуваат, а сосема друго прават на терен. Овој пример е еклатантен доказ за партиска злупотреба на институциите со кои раководи СДСМ.Техничкиот министер Спасовски, кој постојано говори за некаква департизација на институциите, одвојување на партијата од државата и најавува најстроги казни за секој полицаец кој ќе бил вклучен во кампањата, во пракса го спроведува токму спортивно, а непобитен доказ за тоа се токму овие фотографии.
Имено, Спасовски и неговиот тим денеска го посетија Стајковци, што е сосема легитимно бидејќи Македонија е во екот на предизборната кампања. Сепак, наместо партиски возила, во Стајковци можеа да се забележат службени возила на министерството со кое раководи Спасовски, што значи дека човекот кој постојано говори за некаква департизација, всушност ги злоупотребува возилата на институцијата со која раководи за партиски цели.
Кога самиот собир е во прашање, посетата на Спасовски имала исклучително слаб одзив, што се должи пред се на антидржавните политики на Заев за рекомпонирање на државата, кое според експертската јавност е вовед во федерализација и поделба на Македонија.
Последниот пример со злоупотребата на полициски возила е само уште еден во низата кои покажуваат и потврдуваат за партизацијата која генералниот секретар на СДСМ ја спроведува во МВР. Дека Спасовски едно зборува, а сосема друго прави потврдува и тоа што само еден ден откако изјави дека секој полицаец што ќе учествувал во изборната кампања ќе бил најстрого казнет, полициски службеници го придружуваат Спасовски на неговите средби со граѓаните.
Имено, на следните фотографии можат да се забележат полициските службеници Љупчо Ј. и Сашо Т. Останува да видиме дали Спасовски ќе ги казни нив како што самиот најави?!
Техничкиот министер Спасовски, кој постојано говори за некаква департизација на институциите, одвојување на партијата од државата и најавува најстр