Партиските експерти на Катица Јанева изгубија контакт со реалноста

Loading...

Партиските експерти на Катица Јанева секој ден докажуваат дека во нивното работење има нула независност и нула професионалност.Мирослав Грчев во колумна за опозицискиот портал ПлусИнфо на Бранко Героски се изразува на еден низок начин, со чудни тврдења и јасно покажувајќи колку е пристрасен.
Како најтрагичен дел од колумната на експертот на Јанева насловена како „ВМРО: Пирани што пливаат во гомна“, го издвојуваме:
„Или, накусо: дали изборите на 11 декември ќе бидат демократски, ќе зависи единствено од нивниот резултат. Ако победат демократските политички партии, тогаш изборите ќе бидат демократски, а доколку се повтори уште една изборна измама што и носи формална победа на криминалната и недемократска партија ВМРО-Фашистичка, тогаш изборите ќе се потврдат како криминални и недемократски. Политичкиот криминал на ВМРО-то на Груевски е веќе премногу разоткриен, па никој во Македонија веќе нема мандат да ги признава и легитимира нивните лажирани избори!“
Ваквиот став на Грчев е како диктат и желба од Бихаќка. Според неговата логика, тогаш тој требаше да постави и ваков пример:
-Судските рочишта против Зоран Заев за барање поткуп ќе покажат дали правдата е еднаква кон сите граѓани или веќе еднаш аболицираниот е повторно привилигиран. Доколку Заев е осуден, тогаш ќе се врати довербата во судството. Доколку Заев се избори за ослободителна пресуда, тогаш тоа судење треба да се прогласи за фарса и на криминалец да му биде изречена максимална казна на ново рочиште!
Низа скандали го проследија работењето на Грчев. Додека Јанева од џебот на граѓаните му исплаќа дебели хонорари, Грчев сосема изгуби контакт со реалноста.Мирослав Грчев во колумна за опозицискиот портал ПлусИнфо на Бранко Героски се изразува на еден низок начин, со чудни тврдења и јасно покажувајќи к

loading...