Партиските работни групи со посредство на Питер Ванхауте се очекува денеска да ги продолжат разговорите за реформирање на медиумската сфера.На синоќешната рунда разговори на која присуствуваа и амбасадорите на ЕУ и на САД, Џес Бејли и Аиво Орав, биле разгледани одредени нови идеи, но без конечен договор.
По средбата никој од учесниците не даде изјава. Со кратка порака на Твитер се огласи само Ванхауте кој напиша: „има напредок, ќе ги продолжиме разговорите утре попладне“.
Во изјава за медиумите пред вчерашната средба Ванхауте рече дека останува да се направи уште многу, но оти состојбата не е безнадежна и затоа и се разговара. – Ќе продолжиме што поскоро, а потоа ќе видиме што ќе се случува наредните денови. Но, не сум сигурен дека ќе успееме. Советот на Агенцијата на медиуми е важен како нејзиниот состав, а исто така владиното рекламирање. Тоа ќе бидат главните теми, изјави Ванхауте.На синоќешната рунда разговори на која присуствуваа и амбасадорите на ЕУ и на САД, Џес Бејли и Аиво Орав, биле разгледани одредени нови идеи, но бе