Одлуката на Лилјана Поповска да ја „пресели“ партијата ДОМ од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во таборот на СДСМ, го разгневи членството. Првиот човек на ДОМ од Тетово Горан Синадиновски замина од партијата и од сите функции бидејќи не се согласува со одлуките „да учествуваме во едно насилничко сценарио, за превземање на власта или безвластие, односно одлуки поддржани од надворешните фактори, ЕУ и НАТО, што е спротивно на моето лично и политичко убедување“.Синадиновски е претседател на Општинска Организација на ДОМ – Тетово, Член на Централен Одбор на ДОМ и заменик- кординатор за 6 ИЕ, член на И.О на партијата.
-Јас, Горан Синадиновски, ја поднесувам оваа ОСТАВКА од политички причини, односно не прифаќање на официјалните ставови на Претседателката како и ставовите и одлуките на ЦО на ДОМ. Лично сметам дека после девет години коалиција со ВМРО ДПМНЕ, ниту беше момент ниту време за напуштање на коалицијата, напуштање на поддршката во парламентот, давање на поддршка на опозиционата СДСМ за бојкот на предвременото закажаните избори на 5 јуни; и – барањето за оставка на претседателот Ѓорге Иванов.
Во ДОМ од сум од иницијатива за формирање и нејзин основач. Цело време, со ентузијазам и непоштедно залагање, учествував во нешто што ќе помага во обезбедување на подобар живот на граѓаните, со обезбедување на поквалитетна животна средина и поквалитетен живот, затоа што Екологијата ни е потребна на сите и истата не познава политика, нација, вера, ниту позиција ниту опозиција!
Но, во последно време, мојата опција: “Зелената партија“, повеќе се бави со активна политика, со активно изразување на поддршка на опозицијата и меѓународниот фактор, додава Синадиновски во својата оставка. Имено сметам дека со донесените одлуки треба да учествуваме во едно насилничко сценарио, за превземање на власта или безвластие, односно одлуки поддржани од надворешните фактори, ЕУ и НАТО, што е спротивно на моето лично и политичко убедување, додава тој
-Не можам да се сложам дека било каков надворешен фактор дека треба да ни ја уредува државата, или сме способни сами да ја раководиме и сами меѓу себе да се судиме и сами да избираме наши претставници во власта или не заслужуваме држава. Тоа што СДСМ неможе спортски да поднесе пораз и еднаш да чека 4 години, во континуитет, во резервна клупа, и тоа што не се самокритични и не сакаат да ги погледнат и признаат грешките од минатото, и да на народот му дадат поквалитетна понуда, тоа се нивни проблеми. Може да се лажеме, ама СДСМ неможе да обезбеди критична маса на гласачи. Мојот народ дека е мудар и дека знае да цени. Нешто што само СДСМ не сака да го прифати- пишува во својата оставка Горан Синадиновски, еден од основачите на ДОМ.Синадиновски е претседател на Општинска Организација на ДОМ – Тетово, Член на Централен Одбор на ДОМ и заменик- кординатор за 6 ИЕ, член на И