Освен тоа што многумина наутро ги прави поубави, а дружењео во кафулињата поудобни, кафето е намирница која ја сака и вашето тело. Доколку сакате на време да го подготвите своето тело за потопли денови направете паста против целулит и користетe ја редовно.Состојки:
¼ шолја крупно мелено кафе
3 лажици топла вода
2 лажици маслиново или бадемово масло
Подготовка:
Помешајте го кафето со водата. Оставете да отстои околу 10 минути, односно додека кафето не ја впие водата и не се претвори во густа паста. Потоа додадете го маслото и добро промешајте. Истуширајте се и измијте ја кожата со топла вода. Со кружни движења масирајте ги местата со целулит околу 5 минути. Потоа кожата измијте ја со млака вода и по потреба нанесете масло, млеко или лосион за тело. Оваа постапка повторувајте ја два пати неделно.Состојки:
¼ шолја крупно мелено кафе
3 лажици топла вода
2 лажици маслиново или бадемово масло



