Во истражувањето за Медалот за квалитет QUDAL-QUality meDAL за најквалитетните производи и услуги на македонскиот пазар, во категоријата „најквалитетна паштета“ победник е Аргета Цирих, Скопје, 10.09.2014. – Успехот е остварен во првото истражување на квалитетот за Медалот за квалитет QUDAL – QUality meDAL спроведено во Македонија (www.qudal.com) за периодот 2014/2015, во кое испитаниците – граѓаните на Македонија кои учествуваа во испитувањето, за најквалитетна паштета ја избраа паштетата Аргета.
Истражувањето за Медалот за квалитет QUDAL (QUality meDAL) – Македонија 2014/2015 го спроведе швајцарската компанија ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ (www.icertias.com) на примерок од 1200 интернет испитаници во Македонија, македонски граѓани, односно потрошувачи. При истражувањето се користеше методот CAWI – DEEPMA (Интервјуирање на интернет потпомогнато од компјутер – Избор по подолго размислување).
На испитаниците, граѓаните односно потрошувачите во Македонија, во анкетата спроведена со интернет образец им беше поставено следното прашање: Која паштета според Вашето лично мислење и искуство, сметате дека е апсолутно најквалитетна на Вашиот пазар
Најголемиот број испитаници, на ова прашање одговорија: Аргета.
Прашањето беше отворено, односно на испитаниците не им беа понудени одговори, туку тие самите можеа слободно да наведат кој според нив е најсоодветниот одговор на поставеното прашање.
Со оваа победа во истражувањето за Медалот за квалитет QUDAL – QUality meDAL во Македонија, Аргета го добива статусот на Бр. 1 по квалитет и станува носител на златниот медал QUDAL – top QUality meDAL – со пет ѕвездички за квалитет во освоената категорија.
Дополнително треба да се нагласи дека брендот Аргета е избран за Бр. 1 по квалитет и од граѓаните на Босна и Херцеговина, во истражувањето на квалитетот за Медалот за квалитет QUDAL – Quality meDAL спроведено во оваа земја, каде испитаниците исто така најмногу гласови ѝ дадоа на Аргета како најквалитетна паштета на нивниот пазар.
Ензо Смрекар, генерален директор на стратегиската деловна единица за солени намази во Групацијата Атлантик, изјави: „Секогаш нè радуваат наградите кои ни ги доделуваат потрошувачите од Македонија. Постојано тежнееме Аргета да биде со највисок квалитет и од тоа не се откажуваме. Потрошувачите имаат многу барања, за своите пари очекуваат најмногу, а големиот пазарен удел кој го имаме во регионот и на важните европски пазари, докажува дека Аргета повеќепати е она што потрошувачите го избираат кога пазарат. Резултатите на овие независни истражувања кои ја потврдуваат популарноста на Аргета ги гледаме како признание за нашиот тим – кој размислува и живее за Аргета, и ни претставуваат големо охрабрување за во иднина“.
„Аргета е лидер на пазарите во речиси сите земји во Југоисточна Европа. Во Македонија, БиХ, Словенија и во Косово, Аргета со години е апсолутен предводник на пазарот.
На пазарите во Србија, Црна Гора, Хрватска, Австрија и Швајцарија, Аргета е на второ место по пазарниот удел.
Овој одличен резултат на брендот Аргета е постигнат со добра работа на стручниот тим на експертите за храна на Аргета, за кои основен критериум е задржување на највисоко ниво на квалитет на производите, добра маркетинг стратегија, силна маркетинг поддршка и добра изведба на продажното место“, додаваат од Групацијата Атлантик.
Методологија и примерок
Истражувањето за Медалот за квалитет QUDAL (QUality meDAL) – Македонија 2014/2015 (www.qudal.com) го спроведе швајцарската компанија ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ (www.icertias.com) на територијата на Македонија во текот на март, 2014 година, со употреба на интернет прашалник и метод CAWI – DEEPMA (Интервјуирање на интернет потпомогнато од компјутер – Избор по подолго размислување). Во истражувањето учествуваа 1200 граѓани на Македонија, корисници на интернет.
Истражувањето ја опфати целата територија на Република Македонија.
За проектот QUDAL
QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) (www.qudal.com) е проект на швајцарската компанија ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ (www.icertias.com) кој на подрачјето на Јадранскиот регион го спроведува и застапува компанијата Аксиос (www.axios.hr) со поддршка на светски водечката консултантска и ревизорска куќа PWC (PricewaterhouseCoopers).
Проектот за Медалот за квалитет QUDAL истражува и наградува определени субјекти (производи, услуги, медиуми, јавни личности, култура, спорт итн.) кои според мислењето на граѓаните – односно самите корисници имаат највисок квалитет на определена територија.
Целта на проектот QUDAL е да ѝ посочи на јавноста колку е важен квалитетот во нивниот секојдневен избор како и дека граѓаните имаат право на највисок квалитет. Покрај ова целта е и да им олесни на граѓаните поедноставно да ги најдат најквалитетните производи и услуги на пазарот.
Истражувањето QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) е целосно извршено во согласност со „Меѓународниот кодекс за пазарни и социјални истражувања“ усвоен од Меѓународната стопанска комора (ICC) и Светската асоцијација на експерти за истражувања (ESOMAR).
Важно е да се спомене дека истражувањето QUDAL не го мери пазарниот удел на некој бренд, туку единствено искуството, задоволството од квалитетот на услугата или понудата на пазарот, како што ја перцепираат испитаниците.Цирих, Скопје, 10.09.2014. – Успехот е остварен во првото истражување на квалитетот за Медалот за квалитет QUDAL – QUal