Државниот Архив на Р. Македонија и Македонски железници потпишаа меморандум за соработка со кој патниците кои ќе патуваат на релација од Скопје до Битола ќе имаат можност да учат за македонската историја.
„Направивме селекција на документи кои можат да бидат интересни и додека патуваат патниците да движат низ настаните кои беа важи за осамостојувањето на Р. Македонија. Одвоивме илустрации за кои сметаме дека до сега беа непознати и кои би било убаво да бидат дел од сеќавањата на граѓаните“, истакна Филип Петровски, директор на Државниот Архив а Р. Македонија.