Патот до фризерската елита Божица на косата на TLC

Новата серија на TLC – БОЖИЦА НА КОСАТА ја следи Кристина Олива која го отвора својот прв салон на Менхетен. Кристина е родена  на Стејт Ајленд и во гаражата на своите родители основа компанија за екстензии. Само после 3 години, Кристина стекнала доволно клиенти да отвори сопствен салон на Стејт Ајленд, каде ги има вработено својата сестра и свој роднина. Покрај стопроцентната поддршка од семејството, изградила светски познато царство за коса, а сега е спремна за следниот чекор – салон во срцето на Менхетен. Брзо има сфатено дека Менхетен е значајно различно опкружување од нејзината цврсто поврзана заедница дома во Стејт Ајленд.Во новата серија „Божица на косата“, гледачите ја следат Кристина и нејзиното италијанско-американско семејство како го отвара својот прв салон на Менхетен. Освен тоа, гледачите во сите шест епизоди ќе можат да ги погледнат целосните трансформации на коса кои Кристина ги прави во еден од нејзините салони. Серијата Божица на косата ќе се прикажува на каналот ТЛЦ во сабота во 21 часот, од сабота 14 октомври.
 
Едена од главните причини за успехот на Кристина е задржувањето на бизнисот „во семејството“. Иако понекогаш ја излудуваат сестра и Викторија и роднината Ентони, тие се нејзините најверни колеги. Заедно со останатиот персонал прават драматични трансформации на жени секоја различна во своите побуди. На пример, мајката која ја изгубила косата заради хемотерапија, или близначките кои со нетрпение сакаат да го индивидуализираат својот изглед.
 
Јасно е од каде Кристина ги придобила работните навики – нејзиниот татко е сопственик на неколку фирми кои воедно и ги управува, а во деловниот свет влегол на само шестнаесет години. Родителите на Кристина, Френк и Дона, се традиционални, а крајна цел на Дона е секоја нејзина ќерка да се заљуби, омажи, отсели и има деца… и тоа точно по тој редослед! Иако ќе мора да почекаат додека станат баба и дедо, родителите на Кристина се горди родители на успехот на нивната најстара ќерка и тие се одлучни да и помогнат да стигне до самиот врв! Во новата серија „Божица на косата“, гледачите ја следат Кристина и нејзиното италијанско-американско семејство како го отвара својот п

Пронајдете не на следниве мрежи: