Патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража вечерва од 18:30 часот е забранет за за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираат дека патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на екипите на Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Штип, Неготино, Демир Капија, Удово, Петровец, Кула и на планинските превои Стража и Ѓавато.
Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони.Од АМСМ информираат дека патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.