Патот Шипковица-Бродец е делумно отворен за сообраќај за итни случаи, а екипите на терен работат на негово целосно расчистување и нормализрање на сообраќајот, информираше раководителот на Територијалната противпожарна единица Тетово Ука Алити.Активностите за расчистување започнаа веднаш откако вчера попладне како последица на врнежите што ја зафатија Шар Планина и околината свлечиште со карпи, кал, дрвја и друго затрупа околу триста метри од патот Шипковица-Бродец поради што Бродец, Вешала и Бозовце беа отсечени. На самото место со потребната механизација интервенираа екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија пат како и локалната самоуправа од Тетово.
Интервенција имало и за чистење на коритото од реката во селото Голема Речица.
Во невремето во тетовско нема жртви и нема пријавена штета на имотите.Активностите за расчистување започнаа веднаш откако вчера попладне како последица на врнежите што ја зафатија Шар Планина и околината свлечиште со