ПАТУВАЊЕ НИЗ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА: Смилевски Конгрес

Смилевскиот конгрес беше одржан од 2 до 7 мај 1903 година во с. Смилево. На овој Конгрес беше решено да се крене Илинденско востание во Битолскиот револуционерен округ, а со тоа и во цела Македонија и Одринско.

Во однос на стратегијата и начинот на водење на Востанието, било решено тоа да биде општо, односно да се кренат сите окрузи, а да се води на партизански начин, со оглед на тоа дека само еден дел од населението е вооружен.

Освен тоа, било решено на денот на Востанието да се кренат сите вооружени сили по реоните како чети, а четите требале да ги прекинуваат патните, телеграфските и поштенските врски, да го разоружуваат турското население, да ги напаѓаат државните згради, да напаѓаат (според можностите) секоја турска вооружена единица, да ги бранат христијаните, вклучувајќи ги и туѓите поданици од турски напади.

Било забрането да се напаѓа мирното население и да се посега по турски жени, деца и старци. Било предвидено четите да дејствуваат поединечно, а во случај на потреба да се здружуваат две до три чети и, по извршената акција, да се растураат.

Последниот ден бил прифатен Уставот и било решено Главниот штаб да го определи денот на Востанието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.