Со задоволство ве информираме дека Издавачкиот центар ТРИ штотуку го објави првиот македонски превод на култното дело на Жозе Сарамаго Патувањето на еден слон (2008). Преводот од португалскиот изворник е дело на Наташа Сарџоска, а изданието е дел од едицијата Соѕвездие, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија.Патувањето на еден слон е волшебна приказна проткаена со мудрост и хумор за трајноста на пријателството и за минливоста на славата. Во 1551 г. португалскиот крал Жоао III решава да му прати на австрискиот надвојвода Максимилијан невообичаен свадбен дар: слонот Соломон. Одеднаш сите се растрчуваат да ги подготват слонот и неговиот чувар Субхро. Необичната свита и кралската гарда го изминуваат целиот континент опустошен од реформацијата и граѓанските војни, низ попатните сведоштва на зналците, историчарите и оџагорените обични луѓе. Карванот се пробива низ древните градови на северна Италија; храбро се искачува по Алпите и стравотните теснини Исарко и Бренер; преку Средоземно Море, па пругоре по реката Ин, и најпосле пристигнува пред величествената порта на царска Виена…
Патувањето на еден слон е сказна богато проникната со иронија и емпатија, проткаена со духовити размисли за човечката природа, едно значајно толкување на моќта која го навредува човековото достоинство.
Личноста на Жозе Сарамаго не бара особен вовед – неговите достигнувања говорат доволно гласно за исклучителните квалитет на овој автор. Тој е добитник на Нобеловата награда за книжевност (1998) и на уште неколку клучни светски признанија, а во 2002 година од редакцијата на „Гардијан“ беше окарактеризиран како „најзначајниот жив романсиер“. Неговиот опус е исклучително богат, а многу од неговите романи се достапни во преводи на 25 светски јазици, вклучувајќи го, од ова лето, и македонскиот. Но талентот на Сарамаго не е воопшто ограничен со рамките на книжевното творештво – тој бил активист и борец за човекови права, преведувач и препејувач на исклучително значајни филозофи, поети и писатели (вклучувајќи ги Хегел, Мопасан, Бодлер, Толстој), како и книжевен критичар.Патувањето на еден слон е волшебна приказна проткаена со мудрост и хумор за трајноста на пријателството и за минливоста на славата. Во 1551 г.