ПАТУВАЊЕТО НИЗ ВРЕМЕ Е МОЖНО: На нозете од 1500 години стара мумија се пронајдени Адидас патики?!

Зад фотографијата која крена прашина дека патувањето низ времето е можно, веќе извесен период се дебатира на социјалните мрежи. Имено, таа прикажува дека на нозете од 1500 години стара мумија има пар Адидас патики.Археолозите открија остатоци од женска мумија, за која се смета дека починала пред повеќе од еден милениум во монголските Алтајски Планини.
Истражувачите пронашле само раце и нозе од мумијата, но по објавувањето на фотографиите се појавија полемики дали патувањето низ времето е можно. Имено, на нозете се забележани обувки кои неверојатно потсетуваат на логото на Адидас.
Експертите реагираа на тврдењата дека мумијата носи Адидас патики и открија еден навистина интересен детаљ.

„Оваа личност не била дел од елитата и веруваме дека станува збор за жена, бидејќи во гробницата не пронајдовме лак и стрела“ – изјавил Б. Сукбатар, кој е истражувач од Музејот Ковд.
„Сега внимателно го испитуваме телото и во блиска иднина ќе бидеме во можност да откриеме повеќе детали за пронајдената мумија“ – додаде тој.
Сукбатар додаде дека ова е исклучително откритие поради фактот дека гробницата е пронајдена три метри под земја и според начинот на уредување дава увид во неверојатните вештини коишто ги поседувале тогашните луѓе.Археолозите открија остатоци од женска мумија, за која се смета дека починала пред повеќе од еден милениум во монголските Алтајски Планини.

Пронајдете не на следниве мрежи: