Патувате во РУСИЈА? Овие работи НИКАКО не треба да ги ПРАВИТЕ!

Русите можат да испијат многу, но не се алкохоличари. Па ако ви понунудат пијалок, сфатете го тоа како знак за добредојде, за да не го навредите домаќинот. Кога патувате во друга земја, морате да ги знаете  „правилата на однесување“ на таа земја, односно што треба да правите на одредени места.
Овој краток бонтон се однесува на Русија и сè она што таму не треба да го правите.
 
1. Никако не носете капут во затворен простор
Тоа несомнено се смета за лош манир да носите капут во затворен простор. Па дури и ако греењето не работи, веднаш закачете го капутот, за да не бидете погрешно сфатени.
2. Никако не се ракувајте преку прагот на домот
Русите сметат дека носи несреќа ако се ракуваш преку прагот. Затоа зачувајте го својот срдечен поздрав со стискање на дланката додека не влезете во затворен простор. Исто така непристојно е да се ракувате со жени, освен ако тие први не ви подадат рака.
3. Рацете подалеку од џебовите
Лошо е да одите или да стоите со рацете во џебови. Ако сте во Русија држете ги рацете на видливо место и избегнувајте да изгледате неуредно.
4. Никогаш не седете со раширени нозе
Освен тоа, ни случајно не покажувајте ги чевлите од долу и не допирајте го столот бидејќи чевлите се сметаат за нечисти.
5. Не прашувајте луѓе каде има тоалет
Ќе бидете сфатени многу  лошо ако прашувате луѓе каде е тоалетот, а особено ако тие се од спротивниот пол.

 

6. Не враќајте се назад дома ако сте тргнале некаде
Ако веќе сте се вратиле, секако треба да погледнете во огледало или пак трипати преку левото рамо, инаку кога ќе тргнете повторно на пат може да ви се случи несреќа.
7. Ноќе никако не фрлајте ѓубре
Не се знае од каде потекнува оваа забрана. Но, затоа мажите во Русија многу ја сакаат, зашто тоа е одличен изговор да не го исфрлаат ѓубрето навечер кога ќе се вратат од работа.
8. Никако не им подарувајте ножеви, часовници или шамии
Овие подароци не се најдобри подароци за Русите. Шамиите-претскажуваат солзи, ножевите -непријатели, а часовниците- разделба.  Но доколку сепак некому подарите некоја од овие работи, немојте да се изненадите ако за возврат ви дадат париче. Тоа прави илузија дека тие го купиле тој предмет.
9. Парите никогаш не се земаат од рака
Во Русија може да ви се случи некој таксист или некој продавач да одбие да ги земе парите што му ги давате во рака и да инсистира да ги ставите на возачката табла или на пултот кај касата. Се верува дека парите ја пренесуваат енергијата на сопственикот. Кога патникот ќе излезе од колата или кога купувачот ќе замине од касата, врската со енергијата се прекинува и некој друг може да ги земе парите без страв дека ќе му се пренесе енергијата.
10. Не свиркајте на улица
Свиркањето на улица и во затворен простор предизвикува одвратност. Играјте на сигурно, и целосно избегнувајте го  свиркањето.
11. Немој да се смееш без причина
Смењето чувајте го за пријателите и семејството, но доколку тоа го правите во транспорт или пак на јавно место, може да биде многу непристојно. Кога патувате во друга земја, морате да ги знаете  „правилата на однесување“ на таа земја, односно што треб

Пронајдете не на следниве мрежи: