Павле Богоевски со нова генијалност на која му се смеат сите

Пратеникот на СДСМ Павле Богоевски повторно „блеска“ на својот фејсбук профил. Овојпат Богоевски не почести со неговото гледиште кон демократијата од кое е совршено јасно дека младиот парламентарец од тимот на Зоран Заев не само што не е начисто со законите и нивното читање , туку и со поимањето на демократијата.Па така, Богоевски во својот статус поставен неодамна на фејсбук пишува:
„Демократија не е само „волјата на народот“. Тоа е популизам. Волјата на граѓаните, искажана преку слободни фер и демократски избори е едната страна од паричката – демократските принципи и вредности се другата.“
Тука се поставува прашањето кој е еталонот на принципи и вредности за пратеникот на СДСМ/Сорос Богоевски. Дали се тоа принципите на соросовите платеници кои ширум целиот свет, од Македонија до Америка, одлучуваат дека и покрај волјата на мнозинството како врвен начин на практицирање демократијата според илјадници државници и филозофи, тоа е неважно и треба да се почитуваат принципите и вредностите на Павле Богоевски и Зоран Заев?
Според начинот на размислување на Павле Богоевски, Доналд Трамп не смее да биде претседател на САД бидејќи и покрај победата на избори Павле и неговите соросови другарчиња од Америка, како и Заев, Богоев и останатите СДСМ-овци не се согласуваат со американскиот изборен модел.
Богоевски веројатно би забранил и Британија да ја напушти Европската Унија бидејќи „демократските принципи и вредности“ на младиот пратеник се совпаѓаат со оние на 48% од Британците кои не само што загубија на Брегзит, туку и го прифатија поразот – за разлика од Богоевски и пријателите кои сметаат дека не е важна демократската одлука на мнозинството, туку одлуката која им се допаѓа на СДСМ и Сорос.
Можеби Павле смета дека треба да биде ангажиран како консултант од сите земји во Светот за да им кажува кој е вистинскиот победник на изборите во секоја земја, бидеќи токму Богоевски научи да го чита еталонот за демократија и вредности кој го поседуваат во СДСМ и Сорос.
И врв на апсурдот е што Павле Богоевски го мисли сето ова за себе, дека се бори за некакви принципи и вредности, иако бега од судење за свесно сторените вандализми и уништени споменици на Македонија, споменици на културата и државен имот, во вредност од стотици илјади евра, за време на шарената платеничка револуција.
За принципите и вредностите на Богоевски зборува многу и тоа што за свој лидер го одбра Зоран Заев, човек кој не му пречи што е аболициран за криминал од 8 милиони евра иако Богоевски излезе на улица да се бори против аболиции, ниту пак му пречи принципот „евро за Вицето“ по кој Заев им собира мито на Струмичани. Да не заборавиме, ниту Богоевски, ниту Туфекгиќ ниту било кој нивни соросов пријател од шарените не кажа ниту збор за апсурдните и трагикомични изговори со кои Заев бега од судење за случајот „поткуп“, каде е фатен во криминал сто-нула.
„Волјата на народот не е само гласот на избори.“, пишува Богоевски. „Волјата на народот се законите, системот. А законите, барем формално, велат дека криминалците треба да одат во затвор.“

Точно е дека законите велат така, но Богоевски повторно покажува дека ниту ги разбира ниту почитува законите со својата сервилност кон аболицираните криминалци како Зоран Заев кому му слугуваше и на улица глумејќи граѓански сектор и во Собранието глумејќи борец за правда и спроведување закони. И како капак на сето ова, тоа што брани криминалци го „оправдува“ со неговата нова научна теза која ќе ја изучуваат веројатно во сите светски универзитети – дека демократија не е волја на мнозинството, туку волја на Павле Богоевски, Зоран Заев, СДСМ и Сорос.
Да не беше тажно ќе беше навистина смешно. Она што се наоѓа меѓу зборовите и делата на Павле Богоевски се вика чиста дволичност. И нејзината количина во овој случај воопшто не е мала.Па така, Богоевски во својот статус поставен неодамна на фејсбук пишува:
„Демократија не е само „волјата на народот“. Тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: